Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
News


Одржана 24-тата Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион PDF Print E-mail

24-та Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион се одржа во текот на денешниот ден (20.07.2017 година) во просториите на општина Свети Николе. Се разгледуваа информации за нови повици за аплицирање на проекти за потребите на општините, како и Одлука за избор на раководител на Центарот за развој на Вардарски плански регион.


 
Потпишан договор во рамки на Проектот „Заштита на водите на Езеро Младост преку регулирање на отпадните води во населба Отовица“ PDF Print E-mail

Денес 29.06.2017 година е склучен договор помеѓу Центарот за развој на Вардарски плански регион кој се јавува како инвеститор и Делта Пром ИНГ од Велес кој се јавува како изведувач во рамки на Проектот „Заштита на водите на Езеро Младост преку регулирање на отпадните води во населба Отовица“. Со овој проект се опфаќа изградба на фекална канализација во населба Отовица со вкупна должина од 2.514м која ќе се поврзува со колекторскиот систем и истиот се планира да биде завршен во рок од 3 месеци. Проектот е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Биро за регионален развој преку програмата за рамномерен регионален развој.


 
Одржана 23-тата Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион PDF Print E-mail

Советот за развој на Вардарски плански регион на ден 27.06.2017 година ја одржа 23-тата седница во просториите на Општина Велес. Дневениот ред го сочинуваа вкупно 4 точки и истите беа едногласно усвоени. Раководителот на Центарот г-дин Марко Колев ги информираше Градоначалниците кои се и воедно членови на Советот за развој на Вардарски плански регион за аплицираните проекти, проекти кои се во фаза на реализација и за тековните активности на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

 
Одржана работилница на тема: „Подобрување на услугите за лицата со попреченост“ PDF Print E-mail

На ден 13.06.2017 година (вторник), Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион Г-н Марко Колев присуствуваше на работилницата: „Подобрување на услугите за лицата со попреченост“ која се одржа во Охрид. Оваа работилница беше организирана од Програмата за развој на Обединетите нации, во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и Делегацијата на Европската Унија.

Целта на работилницата е размена на искуства и практики помеѓу меѓународните и националните експерти, како и детектирање на нови можности и начини за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост.

Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион имаше свое излагање на оваа работилница со цел да ги сподели успешните примери за социјална инклузија на локално и регионално ниво преку реализираните проекти за намалување на бариерите за пристап на лицата со попречености во Вардарскиот плански регион.

 

 
Потпишан договор во рамки на проект „Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор“ PDF Print E-mail

Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Г. Марко Колев и Министерот за локална самоуправа Д-р Ширет Елези на ден 25.05.2017 година го потпишаа Договорот за финансиска подршка на БИЗНИС ЦЕНТРИТЕ во рамки на проектот  „Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор“ со што ја продолжија имплементацијата на активностите во поглед на зајкнување на поддршката на бизнис заедницата.

Центарот за развој на Вардарски плански регион со договорот склучен со Министерство за локална самоуправа обезбеди 400.000,00  денари за реализација на проектните активности кои имаа за цел потикнување на развојот на малите и средни бизниси.

Исто така дел од проектните активности ќе бидат финансирани од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) наменети за имплементација на една мерка од Регионалната стратегија за иновации во Вардарски плански регион и дополнително 1500 евра за настани и обуки.


 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 4 of 19
Copyright © 2019. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance