Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
News


Обука за основни принципи за собирање на лековити ароматични растенија, шумски плодови, лишаи и печурки – зачувување на биодиверзитетот во Вардарски плански регион PDF Print E-mail

Центарот за развој на Вардарски плански регион на 03.11.2016 година, во Општина Кавадарци, со почеток од 11:00 часот организираше „Обука за основни принципи за собирање на лековити ароматични растенија, шумски плодови, лишаи и печурки – зачувување на биодиверзитетот во Вардарски плански регион”.

Оваа обука беше спроведена во рамки на активноста: „Организирање на 2 настани на Мрежата за инклузивен развој на Вардарски плански регион со релевантни чинители на тема развој на руралниот туризам”, која е дел од проектот: „Поддршка и промоција на препознатливи стопанско туристички настани во ВПР и мапирање на потенцијали за развој на форми на рурален туризам и подготовка на Регистер на потенцијали за рурален туризам на ниво на плански регион”, кој е финансиски поддржан од Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.

Обуката ја спроведе Г-дин Иван Стојанов, дипломиран инжинер-агроном и на истата присуствуваа собирачи на печурки, лековити и ароматични растенија. Сите присутни на обуката ќе се стекнат со Сертификат за учество на оваа обука.



 
Уредување на излетничкo место Мавровица - Општина Свети Николе PDF Print E-mail

На вештачкото езеро Мавровица - Општина Свети Николе во тек е завршната фаза од реализирање на проектот "Уредување на излетничко место Мавровица", со поставување на урбана опрема на шест локации на крајбрежјето на езерото.

Проектот е финансиран од страна Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку мерка 323, а имплементиран од страна на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

 

 

 

 
Изградба на систем за водоснабдување во Етно село Клисура - Општина Демир Капија PDF Print E-mail

Во Општина Демир Капија се започнати градежните акивности во рамки на проектот “Изградба на систем за водоснабдување во Етно село Клисура", финансиран од страна на Биро за регионален развој а имплементиран од страна на Центарот за развој на Вардарски плански регион.


 
Изведба на улични тротоари на улиците во Општина Росоман PDF Print E-mail

Во Општина Росоман во тек се градежните активности во рамки на проектот "Изведба на улични тротоари на улиците "Пере Тошев" , "Маршал Тито" и "Илинденска". Истите се одвиваат во предвидената временска рамка.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
Оддржан настан на тема : Заштита на животната средина преку енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија PDF Print E-mail

На ден 18 Октомври 2016 година во просториите на Општина Неготино, Центарот за развој на Вардарски плански регион организираше информативен настан на тема: Заштита на животната средина преку енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија, предвидена активност во рамките на Договорот за соработка во 2016 година помеѓу Министерство за локална самоуправа и единиците на локалната самоуправа од Вардарскиот плански регион, основачи на Центарот за развој на Вардарски плански регион.
Информативниот настан произлезе од Програмата за развој на Вардарски плански регион 2015-2019, во делот на подобрување на енергетската ефикасност преку подигнување на јавната свест за значењето на енергијата како релевантен ресурс, нејзино рационално искористување и промовирање на нови обновливи извори на енергија кои ќе бидат ефикасни во јавниот и приватниот сектор. Имплементацијата на овие активности, директно ќе придонесе за намалување на потрошувачката на енергијата, ќе се намали загадувањето на животната средина и ќе придонесе кон заштеда на буџетите во јавниот и приватен сектор.
На денешниот информативен настанот земаа учество претставници со свои презентации од Заедничкото тело за енергетска ефикасност во Вардарски плански регион, Г. Ванчо Петров, претставник од Агенција за енергетика на РМ, Г. Панче Атанасовски дипл. ел. инж.- советник, претставник од Министерство за економија, Сектор за енергетика, Г-ѓа Жанета Петрова и претставник од технички институт Македонија, Г. Павле Миладинов.

 

 

 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 8 of 19
Copyright © 2019. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance