Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
News


Одржана Конститутивната седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Вардарскиот плански регион PDF Print E-mail

Во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион се одржа Конститутивната седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Вардарскиот плански регион. На истата се верификуваа мандатите на членовите на МОУО. Членовите пристапија кон избор на Претседавач, а едногласна поддршка доби Г.Аце Коцевски.

На седницата присуствуваше и м-р. Ана Каранфилова-Мазневска, Раководител на сектор за управување со отпад во Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија која што подетално ги запозна членовите за Интегрираниот систем за управување со цврст отпад во Вардарски регион.


 
Одржана 2-рата Седница на Совет за развој на Вардарски плански регион PDF Print E-mail

Денес во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион се одржа втората седница на Советот за развој на Вардарски плански регион на која присуствуваше претставник од Асоцијацијата за иновации во руралната економија АИРЕ, Г. Трајчев, кој пред членовите го презентираше проектот за Воспоставување на ЛЕАДЕР пристапот во Вардарски плански регион, поддржан од Швајцарската влада.

Со цел непречено спроведување на активностите на Центарот, Градоначалниците од Вардарски плански регион, ја исполнија својата законска обврска како членови на советот и едногласно ги усвоија Акциониот план за 2018 година за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион (2015 - 2019) и Финансискиот план за 2018 година на Центарот за Развој на Вардарски плански регион.

 

 
Одржана консултативна работилница во рамки на изработката на пред-физибилити студија за воспоставување на меѓу-регионален технолошки парк во Источен и Вардарски плански регион PDF Print E-mail

Во рамки на изработката на пред-физибилити студија за воспоставување на меѓу-регионален технолошки парк во Источен и Вардарски плански регион, поддржана од канцеларијата на УНДП во Скопје и Czech Trust Fund, се оддржа консултативна работилница за дискусија на првиот нацрт документ (ПФС студија) со проектните партнери и проектниот тим.

Целта на работилницата беше дискусија за нацрт студијата, предложените сценарија и предлог решението и да се добијат повратни информации кои ќе бидат искористени за изработка на последната верзија на Пред-Физибилити студијата за ИТП.

 
Одржана работилница на тема: “Зајакнување на координацијата помеѓу ЛЕР одделенијата во општините од Вардарскиот регион и Центарот за развој на Вардарски плански регион како и запознавање со работата на Центарот“ PDF Print E-mail

Денес во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион се одржа работилница на тема: Зајакнување на координацијата помеѓу ЛЕР одделенијата во општините од Вардарскиот регион и Центарот за развој на Вардарски плански регион како и запознавање со работата на Центарот.

Целта на оваа работилница беше запознавање на учесниците вработени во одделенијата за Локален Економски Развој во Вардарскиот регион, со начинот на спроведување на политиките за рамномерен регионален развој како и воспоставување на подобра комуникација помеѓу ЛЕР одделенијата и Центарот за развој на Вардарски плански регион.

 
Одржана првата Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион PDF Print E-mail

Денес во организација на Центарот за развој на Вардарски плански регион се одржа првата седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.

Според Законот за рамномерен регионален развој и во согласност со Одлуката за класификација на планските региони според степенот на развиеност за Вардарскиот плански регион годинава ќе се издвојат 14,7% од вкупните средства за таа намена или приближно 29.532.300 денари.

Со цел ефикасно искористување на расположливите средства, Градоначалниците од Вардарски плански регион, ја исполнија својата законска обврска како членови на советот  и едногласно ја усвоија Годишна листа на предлог-проекти за развој на Вардарскиот плански регион за 2018 година финансирани од страна на Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој.

Советот за развој на Вардарскиот плански регион издвои осум регионални, претежно инфраструктурни проекти, кои беа рангирани и поставени на листа како приоритетни за наредната година.


 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 2 of 19
Copyright © 2019. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance