Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Област на делување PDF Печати Е-пошта

Центарот за развој на Вардарски плански регион функционира како стручно административно тело на Советот за развој на вардарски плански регион. Согласно територијалната поделба на Република Македонија на осум плански регион  и одредбите од Законот за рамномерен регионален развој за формирање на техничко тело на услуга на регионалниот развој во Вардарскиот плански регион, Центарот за развој на Вардарски плански регион е со седиште во Општина Велес како општина со најголем број на жители.

Согласно Законот за рамномерен регионален развој, Центарот за развој на планскиот регион ги врши следниве работи:

•  ја изготвува предлог-програмата за развој на планскиот регион,
•  изготвува предлог-акционен план за имплементација на Програмата за развој на планскиот регион,
•  подготвува предлог-проекти за развој на планскиот регион и за подрачјата со специфични развојни потреби,
•  ги координира активностите поврзани со имплементацијата на Програмата за развој на планскиот регион и ги реализира проектите за развој на планскиот регион,
•  обезбедува информации до заинтересираните страни за текот на реализацијата на Програмата за развој на планскиот регион и други прашања поврзани со регионалниот развој,
•  обезбедува стручна и техничка помош за единиците на локалната самоуправа при подготовката на нивните програми за развој,
•  обезбедува стручни услуги на здруженија на граѓани и други заинтересирани страни за подготовка на проекти од областа на регионалниот развој,
•  ја поттикнува меѓуопштинската соработка во рамките на планскиот развој,
•  спроведува проекти за поттикнување на развојот на планскиот регион, финансирани од фондовите на Европската унија и други меѓународни извори,
•  врши промоција на развојните можности на планскиот регион и
•  врши стручни и административно-технички работи за потребите на советот за развој на планскиот регион.

 
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance