Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Општини PDF Печати Е-пошта

Општина Свети Николе

Г-дин Зоран Тасев-Градоначалник на Општина Свети Николе

Општина Свети Николе се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија. Лежи во Овчеполската котлина и зафаќа површина од 480 km и се вбројува меѓу најголемите општини во Република Македонија.

Се граничи со општините Скопје, Велес, Штип, Пробиштип и Куманово.

Според последниот попис на територијата на Општина Свети Николе живеат вкупно 18497 жители, со густина на населеност од 38,30 жители/km

Најголем број од населението се Македонци 18 087, Турци 143, Роми 168, Власи 303, Срби 200 и други 22.

Во рамките на Општината се наоѓаат 34 населби но постојани се 32 заедно со централното место Свети Николе (раселени се стара и нова Мездра) а тоа се: Алакинце, Амзабегово, Арбасанци, Богословец, Буриловци, Горно Ѓуѓанце, Долно Ѓуѓанце, Горно Црнилиште, Горобинци, Долно Црнилиште, Ерџелија, Кадрифаково, Кнежје, Крушица, Макреш, Малино, Мечкуевци, Мустафино, Немањица, Орел, Павлешенци, Патетино, Пеширово, Преод, Ранченци, Сопот, Стануловци, Стањевци, Строиманци, Трстеник.

Подрачјето на Општина Свети Николе се карактеризира со умерено континентална клима, со влијание на изменета медитеранска клима по должината на реката Брегалница.


 Во Општина Свети Николе најразвиени стопански дејности се: прехрамбената индустрија, текстилната индустрија, трговска дејност, услужна дејност, земјоделство и сточарство.

Општина Кавадарци

 

Г-дин Александар Панов-Градоначалник на Општина Кавадарци

 

Територијата на Општина Кавадарци се простира на подрачјето на средно Повардарие и делот на Црноречието, зафаќа значителен дел од Тиквешката котлина.

Зафаќа површина од 992,44 km и спаѓа во редот на поголемите општини во државата.

Според пописот на население на територијата на Општина Кавадарци живеат вкупно 38.741 жител, или густина на населеност од 39,04 жители/km 2.

        Според националната структура доминира македонското население со 96,79% додека останатите се Роми, Срби, Турци, Власи и други.

          Во рамките на Општина Кавадарци постојат вкупно 40 населени места, градот Кавадарци и селата: Бегниште, Бојанчиште, Бохула, Брушани, Бунарче, ваташа, Возарци, Галиште, Гарниково, Глишиќ, Горна Бошава, Грбовец, Дабниште, Добротино, Долна Бошава, Драгожел, Драдња, Дреново, Кесендре, Клиново, Конопиште, Кошани, Крњево, Куманичево, Мајден, Марена, Мрежичко, Праведник, Р,жаново, Радња, Раец, Ресава, Рожден, Сопот, Страгово, Фариш, Чемерско, Шешково и Шивец.

Градот се наоѓа на надморска височина од 230 до 270 m. Областа Тиквеш е изложена на влијанието на медитеранската и на континентално-медитеранската клима.

         Основна стопанска дејност на населението во Општина Кавадарци е земјоделството, односно лозарството и производството на вино.

 

Општина Велес

Г-дин Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес

       Општина Велес е лоцирана во централното подрачје на Република Македонија, зафаќа површина од 507 km. Таа претставува значаен сообраќаен јазол каде што се вкрстуваат најважните патни и железнички сообраќајни правци на меѓународниот сообраќаен коридор кој ја поврзува Европа со блискиот Исток и Северна Африка.

             На територијата на општината живееат вкупно 55.108 жители. Густината на населеноста е 42 жители по m. Во однос на структурната застапеност на заедниците имаме 46.767 или 84.86% Македонци, 2.406 или 4,37% Бошњаци,  2.299 или 4,17% Албанци, 1.724 или 3,13 % Турци, 800 или 1,45 % Роми, 540 или 0,98% Срби, 343 или 0,62% Власи и 229 или 0,42% други.

           Со постојната територијална поделба, Општина Велес опфаќа околу 30 населени места, меѓу кои: Башино село, Белештевица, Бузалково, Ветерско, Горно Караслари, Горно Оризари, Долно Караслари, Долно Оризари, Иванковци, Карабуниште, Крушје, Кумарино, Лугунци, Мамутчево, Новачани, Ново село, Отовица, Ораовец, раштани, Рлевци, Рудник, Сливник, С,лп, Сујаклари, Сопот, Црквино, Чолошево, Џидимирци.

       Во општина Велес владее континентална клима, просечното годишно количество на врнежи изнесува 447 mm/m. Територијата на Општина Велес ги опфаќа подрачјата на поголемите водотеци Бабуна, Тополка и Отовица кои припаѓаат на сливот на реката Вардар.

         Основни стопански дејности во Општина Велес се трговијата, услужните дејности, текстилна-кожна индустрија, прехрамбена индустрија.

Општина Градско

Г-ѓа Жанета Чаушевска, Градоначалник на Општина Градско

 

      Општина Градско е лоцирана во рамничарскиот дел на средиштето Македонија, наречено средно Повардарие.

      Територијата на Општина Градско зафаќа површина од 290 км и според големината се вбројува во групата на средно големи општини, со просечна густина на население од 13 жители на 1 km.

     Таа е распостранета на двете страни од реката Вардар се до планината Клепа. На север се граничи со општините Штип, Лозово и Велес, на исток со општина Неготино, на југ со општина Росоман и на запад со општина Чашка.

Во општината има вкупно 3760 жители од кои:  2924 или 77,77 %  Mакедонци, 125 или 3,32% Албанци, 127 или 3,38% Роми, 71 или 1,89% Турци, 465 или 12,37% Бошњаци, 23 или 0,61% Срби и други 25 или 0,66%

Општината опфаќа вкупно 16 населени места, од кои 10 се активни. Централно место и седиште на општината е населбата Градско со околу 3000 жители, а други постоечки населени места се: Виничани, Водоврати, Горно Чичево, Долно Чичево, Грнчиште, Кочилари, Ногаевци, Подлес и Уланци.

Според географските услови 6 населби се рамнински, 3 се ридски, 1 е планинска.

Општината Градско е една од поновите општини во процесот на децентрализација. 

        Лежи на рамничарското земјиште на просечна надморска височина од 147 m и се наоѓа во простор зафатен од медитеранска клима која продира по реката Вардар од Егејското море

        Општина Градско е претежно земјоделска општина, главен земјоделски производ на територијата на општината се градинарските производи. Според аграрната структура, на територијата на целата општина постојат извонредни услови за земјоделско производство, сточарство и лозаро-овоштарство.

Општина Неготино

Г-дин Ванчо Апостолов, Градоначалник на Општина Неготино

        Општина Неготино е лоцирана во централниот дел од Република Македонија, во областа на средното повардарје.

Зафаќа површина од 414 км ,се наоѓа на просечна надморска височина од 150 m.

       Го зафаќа источниот дел од Тиквешката котлина, на двете страни од реката Вардар, а на југоисток граничи со Општина Демир Капија, на север со Штип, на исток со Конче, на југ со Кавадарци, на запад со Росоман и на северозапад со Градско.

Во неа живеат 19.212 жители во градот Неготино и во други 18 населени места, од кои четири се целосно раселени.

Согласно извршениот попис во 2002 година, во Општина Неготино живеат 19.212 жители или 0,95% од вкупното население во Република Македонија. Во градот Неготино, кој претставува урбан центар на општината, живеат 13.104 жители или 68,2% од жителите на целата општина. Густината на населеноста изнесува 46,5 жители на km.

Во Општина Неготино според изјаснувањето за националната припадност живеат: 17.768 Македонци, 627 Срби, 453 Роми, 243 Турци, 30 Албанци 14 Власи, 1 Бошњаци и останати националности 76.

       Општина Неготино ја сочинуваат градот Неготино и селата: Брусник, Вешје, Војшанци, Горни Дисан, Долни Дисан, Дуброво, Јаношево, Калањево, Криволак, Курија, Липа, Пепелиште, Пештерница, Тимјаник, Тремник, Црвени Брегови, Џидимирци и Шеоба.

          Територијата на Општина Неготино, како дел од областа Тиквеш и Повардарие е под влијание на медитеранската клима, која продира од југ, преку Демиркаписката клисура и на континенталната клима која продира од север преку Велешката котлина.

       Земјоделството претставува главна стопанска дејност во Општина Неготино, со посебен акцент на лозарството.

 

Општина Росоман

Г-дин Стојанчо Лазов-Градоначалник на Општина Росоман

       Општина Росоман се наоѓа во централниот дел на Република Македонија, во долниот тек на реката Црна.

Нејзините соседни општини се општините Кавадарци, Неготино, Градско и Чашка.

       Општина Росоман спаѓа во групата на помали општини во Република Македонија, како според површината така и според бројот на населението кое живее на нејзината површина.

Имено, површината на Општина Росоман изнесува 134 km, а според статистичките податоци од пописот извршен во република Македонија во 2002 година, бројот на жители е 4141 жител и 1284 домаќинства. Густината на населеноста изнесува 31,12 жител/km.

Во етничкиот состав на населението најбројни се Македонците 89,21% и Србите 9,88%. Останатите етнички заедници сочинуваат помалку од 1%. Во Општина Росоман постојат 10 населени места: Паликура, Рибарци, Манастирец, Трстеник, Дебриште, Камен дол, Мрзен Ораовец, Сирково, Крушевица и како центар на општината Росоман.

Росоман е типично рамничарско село и со право може да се каже дека е срцето на тиквешијата.   

       Општина Росоман е претежно земјоделска општина, постојат одлични можности за развој на овоштарството, особено за производство на праските.

Лозовите насади во општина Росоман се исто така многу значајни за идниот развој на општината.           

 

Општина Чашка

 

Г-дин Горанчо Пановски, Градоначалник на Општина Чашка

 

       Општина Чашка се наоѓа во централниот дел на Република Македонија.

Зафаќа површина од 825 km, и се вбројува меѓу трите најголеми општини во Република Македонија. Седиштето на општината се наоѓа на надморска височина од 275 m.

Соседни општини со кои се граничи се од исток Велес и Градско, од север со Зелениково и Студеничани, од запад со Македонски брод и Долнени и на јужниот дел со Прилеп и Кавадарци.

     На територијата на Општина Чашка живеат вкупно 7.673 жители или густина на населеност од 9,36 жители/km 2. Според националната припадност во Општина Чашка од вкупниот број на население 4395 се Македонци, 2703 Албанци, 391 Турци, Власи 1, Срби 55, Бошњаци 67 и останати 61.

        Во рамките на Општина Чашка постојат 42 населени места, односно: населба Чашка, Војница, Раковец, Дреново, Отиштино, Бањица, Бусулци, Голозинци, Горно Врановци, Мелница, Лисиче, Ново село, Крива Круша, Крајници, Еловец, Витанци, Горно Јаболчиште, Долно Јаболчиште, Извор, Долно Врановци, Мартолци, Оморани, Владиловци, Крнино, Попадија, Поменово, Степанци, Смиловци, Стари град, Богомила, теово, Согле, Ореше, Нежилово, Папрадиште, Црешнево, Ораов дол, Габровник, Мокрени, Капиново, Плевење, Бистрица.

     Климата е континентална со мало влијание на субмедитеранска, која продира по долината на реката Тополка.

     Основни стопански дејности во Општина Чашка се земјоделство и сточарство.

 

Општина Демир Капија

Г-дин Трајче Димитриев, Градоначалник на Општина Демир Капија

      Општина Демир Капија е сместена во живописната Демиркаписка клисура на крајниот југ на Република Македонија во тиквешката област.

      Општина Демир Капија зафаќа површина од 311,06 km, на нејзината територија има вкупно 4.545 жители со просечна густина на населеност од 14,61 жители/km

Се граничи со следните населени места Неготино, Кавадарци, Гевгелија, Валандово и Конче.

Во склоп на Општината влегуваат следните населени места: градот Демир Капија и селата Барово, Басвица, Бистренци, Драчевица, Дрен, Иберли, Клисура, Кошарка, Копришница, Корешница, Прждево, Стрмашево, Челевац и Чифлик.

      Општина Демир Капија има разнобразни климатски карактеристики што се должат на нејзината географска положба, близината на Егејското море како и самата конфигурација на теренот-рељефните особености.

     Во просторот на Тиквешијата постојат три климатски влијанија-медитеранско, континентално и планинско.

       Општина Демир Капија е претежно земјоделска општина, особено лозарството претставува можност за развој на општината.

 

 

Општина Лозово

Г-дин Орце Цветковски, Градоначалник на Општина ЛозовоОпОП

        Општина Лозово се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија, во подножјето на овчеполската котлина. Општината Лозово спаѓа во групата на помали општини во РМ, како според површината, така и според бројот на населението кое живее на нејзината површина.

Имено, површината на Општина Лозово изнесува 165 км , густината на населеност изнесува 17,32 жител /км2. е

Максималната надморска височина на територијата на Општина Лозово изнесува 663 метри.

Соседни општини се општините Штип, Велес, Свети Николе и Градско. Територијата на Општина Лозово претежно се наоѓа во рамничарски дел, освен мали делови од неа кои се ридски.

       Според статистичките податоци од пописот извршен во РМ во 2002 година бројот на жители е 2858 жител и 899 домаќинства. Во етничкиот состав на населението најбројни се Македонците (86,47%), Турците (5,49%) и Власите (4,27%). Останатите етнички заедници, меѓу кои Албанците, Бошњаците и Србите заедно сочинуваат околу од 3% од населението. Во Општина Лозово постојат 11 населени места и 8 месни заедници.

      Населени места во Општина Лозово се: Лозово, Сарамзалино, Дорфулија, Каратманово, Ќоселери, Милино, Беќирлија, Кишино, Аџиматово, Ѓузумелци и Аџибеково.

           Општина Лозово е претежно земјоделска општина, постојат огромни можности за развој на земјоделството,  особено на производството на жита и лозарство.

 
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance