Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
15-та седница на Советот за развој на Вардарски плански регион PDF Печати Е-пошта

На ден 21.02.2012 год.(вторник) во просториите на Општина Велес ќе се одржи 15-та седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.

Претседателот на Советот за развој на Вардарски плански регион Г-дин Горан Петров го предлага следниот:

ДНЕВЕН  РЕД

1. Усвојување на Записник од 14-та седница одржана на 23.12.2011 год. на Советот за развој на Вардарски плански регион

2. Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

3. Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион.

 4. Предлог-Одлука за усвојување на Акционен план за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2012 год.

5.Предлог-Одлука за усвојување на Правилник за внатрешна организација на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

6. Предлог-Одлука за усвојување на Нацрт-верзија на Физибилити Студија за утврдување на потенцијалите на регионот за искористување на обновливи извори на енергија.

7. Разно

       Годишните извештаии на ЦРВПР претставуваат целина од сите досегашни активности и реализирани проекти на ЦРВПР. 

      Нацрт-верзијата на Физибилити студија за утврдување на потенцијалите на регионот за искористување на обновливи извори на енергија, претставува проектна задача од истоимениот проект Изработка на физибилити студија за утврдување на потенцијалите на регионот за искористување на обновливи извори на енергија. Во рамките на оваа точка од Дневниот ред Консултанската куќа задолжена за изработка на студијата ќе има кратка презентација на Нацрт-верзијата на студијата.

 
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance