Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
17-та Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион PDF Печати Е-пошта
На 26/11/2012 во општина Неготино се одржа 17-та Седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион. Покрај градоначалниците од регионот, на седницата учествуваа и претставници на Програмата за развој на Обединетите ннации - УНДП кои заедно со вработените од Центарот за развој на Вардарски плански регион ги појаснија целите, резултатите и активностите на двата проекти кои треба да отпочнат со реализација од 15/12/2012 година а финансиски ќе бидат подржани од УНДП. Станува збор за проекти кои се базираат на принципите на МОС а се во делот на Локалниот Економски Развој и подобрувањето на Енергетската Ефикасност во регионот. Двата проекти се во вкупна вредност од околу 90.000 УСД. По усвојување на Одлуките за нивно прифаќање од страна на Советот за развој на ВПР, следува потпишување на Договор за наивна имплементација помеѓу Центарот за развој на ВПР, како носител и главен партнер на проектот и УНДП со што ќе отпочне нивната реализација. 
На седницата се усвои Територијалната секторска анализа на ВПР и Анализата на вредносниот синџир на секторот со најголем потенцијал за раст во ВПР, со што овие стратешки развојни документи станаа составен дел на Програмата за развој на ВПР. Станува збор за Стратешки документи кои се изработени за потребите на ВПР со Финансиска помош од Швајцарската Развојна Соработка - SDC.
На оваа Седница, Советот за развој на ВПР ја усвои и Годишната листа на предлог-проекти според приоритетност, кои Центарот за развој на ВПР ќе ги аплицира до Бирото за Регионален Развој во рамки на програмата за Регионален Развој за 2013 година.
 
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance