Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Одржана 6-та Седница на Советот за развој на ВПР PDF Печати Е-пошта

На ден 24.02.2014 година (понеделник) во просториите на Општина Демир Капија се одржа 6-тата Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Покрај градоначалниците од регионот, на седницата присуствуваа и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во оваа прилика Државниот секретар, Г-ѓа Соња Лепиткова ги покани општините од ВПР да се вклучат во националната еколошка кампања “Македонија земја на цвеќето – Земја на розата” на денот на пролетта, 21 март 2014 година, чии национален координатор е МЖСПП со поддржка од Владата на Р.Македонија. Воедно ги информираше дека оваа кампања има долгорочни позитивни ефекти по животната средина и здравјето на луѓето, преку засадување на садници од рози на булеварите, во парковите, кружните текови и на другите зелени јавни површини, како и во дворовите на училиштата. Сите Градоначалници позитивно реагираа на оваа информација и ја поддржаа.
Раководителот на Центарот за развој на ВПР, Г-дин Марко Колев, присутните ги информираше дека на ден 13.02.2014 година е потпишан Договор со Бирото за регионален развој за 4 (четири) добиени проекти.
 
 
Кратко излагање имаше и Г-дин Ванчо Петров вработен во Канцелатијата за одделението за Енергетска ефикасност во Општина Неготино, кој присутните ги информираше за работата на  Oдделението за ЕЕ, дека во фаза на приклучување е и Општина Свети Николе и дека има голема заинтересираност од страна на граѓаните.
На оваа седница, Советот за развој на ВПР ги усвои Предлог- Одлуките за Годишниот извештај за работата на ЦРВПР за 2013 година, Годишниот Извештај за спроведување на Програмата за развој на ВПР за 2013 година, како и Годишната сметка на ЦРВПР за 2013 година.
 
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance