Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Одржана 9-та Седница на Совет за развој на Вардарски плански регион PDF Печати Е-пошта

На ден 29.01.2015 година (четврток) со почеток во 10:00 часот во просториите на Општина Кавадарци се одржа 9-тата седница на Советот за развој на Вардарски плански регион. На седницата покрај градоначалниците од регионот присуствуваа и претставници од компанијата ДЕРТЕР од Република Чешка и од фирмата ИБР ГРУП од Италија. Тие извршија презентација и ги информираа членовите на советот за нивните активности и планови во врска со елиминирање на проблемот со отпадот.

Претставникот од компанијата ДЕРТЕР од Република Чешка посочи дека во моментов, ДЕРТЕР располага со технологија за затворање на циклусот на животната средина, односно дека компанијата ги презема отпадоците, ги селектира и ги преработува, се во еден чекор со поврзани процеси, без непотребен транспорт и оптоварување на животната средина. Тој потенцира дека компанијата ДЕРТЕР е заинтересирана за ревитализација на депонии во ВПР и централизација на отпадот, односно изградба на регионална депонија според европско ниво и стандарди. Тоа би значело изградба на неколку оперативни единици со технологија за комплетно отстранување на отпадот.

Збор зема и проф. д-р Меланија Шерденковска, претставник од фирмата ИБР ГРУП од Италија, која образложи дека системот на пиролиза ги решава сите проблеми со третманот на отпад и е во согласност со Законот за отпад на Р.Македонија. Го објасни целиот процесот и потенцираше дека не постои емисија на отпадни гасови и нема никакво загадување на воздухот, а како краен продукт се добива електрична енергија во количина од 1,2 MW/h и топлинска енергија 1,5 MW/h. Исто така, беше потенциран и економскиот бенефит од овој процес што би го имал Вардарскиот регион.

На оваа седница, Советот за развој на ВПР ја усвои Предлог – Одлуката за отстапување на деловен простор за Стопанска комора на Р. Македонија по претходно подетално образложување од страна на Раководителон на Центарот за развој на Вардарски плански регион г. Колев, кој напомена дека отварањето на канцеларија на Регионалната комора – Велес со седиште во зградата на поранешно Радио Велес ќе придонесе за подигање на нивото на соработка меѓу компаниите од регионот, локалните и владините институции, особено преку заеднички активности, состаноци и партнерски вмрежувања во конкретни проекти.

Под точка разно, г. Колев ги извести присутните Градоначалници дека официјално во ВПР започна да се спроведува иницијативата ЛЕАДЕР пристап во рамки на Проектот за експанзија на мали бизниси финансиски поддржан од УСАИД и Швајцарската влада. Исто така и за новиот повикот од страна на ГИЗ за 2015 година, кој се однесува за изработка на техничка  документација.

 

 
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance