Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Утврдена листа на приоритетни проекти за финансирање од страна на ГИЗ РЕД PDF Печати Е-пошта


На ден 30.01.2015 (петок) во Општина Неготино, Центарот за развој на Вардарски плански регион организираше работилница за утврдување на предлог-проекти кои ќе бидат финансирани од Програмата за регионален економски развој ГИЗ РЕД - Шема за финансиска поддршка за 2015 година.

На оваа работилница учество земаа претставници од општините од Вардарскиот регион, тимот од Центарот на ВПР, како и претставник од Програмата за регионален економски развој ГИЗ РЕД.

Согласно агендата на настанот беа утврдени крутериумите за аплицирање со предлог-проекти на кој начин им беа образложени потребните услови што треба да ги има секој предлог-проект како би бил соодветен за аплицирање за Шемата за финансиска поддршка за 2015 година.

Потоа поединечно беа презентирани проектни идеи  од страна на присутните претставници од Општините со нивни проектни идеи на иновативни теми поврзани со регионалниот развој. За секоја предлог идеја беше водена дискусија и развиена дебата во насока дали е во согласност со претходно дадените критериуми. На крајот од работилницата се утврди приоритетна листа од 5 (пет) предлог-проекти преку транспарентно гласање на присутните учесници за проектните идеи која што треба да се усвои на следната седница на Совет за развој на Вардарски плански регион.



 
Copyright © 2019. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance