Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Одржана10-та седница на Советот за развој на Вардарски плански регион PDF Print E-mail


На ден 06.02.2015 година (петок) со почеток во 10:30 часот во просториите на Општина Свети Николе се одржа 10-тата седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.

На 10-тата седница на Советот едногласно се усвоиа следниве предлог-одлуки:

  • Предлог - Одлука за усвојување на Програмата за развој на Вардарски плански регион 2015 – 2019 година;
  • Предлог - Одлука за усвојување на  Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2014 година;
  • Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2014 година;
  • Предлог – Одлука за аплицирање на предлог – проекти во повикот “Шемата на финансиска поддршка на трети лица”;
  • Предлог – Одлука за утврување на листа на Приоритетни предлог – проекти за аплицирање до “Шемата на финансиска поддршка на трети лица”;
  • Предлог – Одлука за промена на Акциониот план за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2015 година;
  • Предлог – Одлука за утврдување на Приоритетен предлог – проект за аплицирање до “Шемата на финансиска поддршка на трети лица”;
  • Предлог – Одлука за усвојување на завршната сметка за 2014 година на Центарот за развој на Вардарски плански регион;
  • Предлог – Одлука за искористување на финансиски средства во висина од 100.000,00 денари од донаторската сметка на Центарот за развој на Вардарски плански регион во областа на енергетската ефикасност;

по претходно образложување од страна на Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион г. Колев.

Тој ја искористи оваа прилика да ги информира членовите за досега транферирани средства од буџетот на општините од ВПР за периодот од основањето на Центарот и заклучно со 2014 година.

Под точката разно повторно збор зема Раководителот на Центарот кој ги информираше Градоначалниците за измените и дополнувањата на законот за меѓуопштинска соработка, како и за повикот од страна на Агенцијата за финансиска поддршка за рурален развој во однос на кој се донесе заклучок сите средства да се искористат за Општина Свети Николе.

На седницата присуствуваа и претставниците од конзорциумот INA energy system и Zero Pollution Ltd кои пред членовите на советот го изразија својот интерес за заедничка соработка за енергетска независност на општината со институцијата. Тие го презентираа проектот “Kомунален отпад за топлинска енергија, кој ќе го обработува и третира комуналниот отпад истовремено додека се произведува гориво и топлинска енергија која може да се искористи за загревање на јавни објекти, што би значело дека општините со овој ситем ќе станат енергетски независни во однос на топлинската енергија. 

 
Copyright © 2019. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance