Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Недела на виното “Св.Трифун” 2015, Општина Неготино PDF Print E-mail

Центарот за развој на Вардарски плански регион по покана од Општина Неготино беше вклучен во организацијата на настанот Недела на виното “Св. Трифун 2015” што се одржа на 13 и 14 Февруари 2015 година во Општина Неготино. Главен организатор на овој настан беше Општина Неготино со поддршка на УНИДО – Организациjа на Обединетите Нации за индустриски развој преку проектот “Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија” која цел е поврзување на клучните чинители од туристичкиот сектор од двата региона Тиквешкиот и Охридскиот.

За целите на организацијата на настанот и вклучување во истиот беше формирана група од пет лица претставници од Вардарскиот регион од кои три лица беа претставници од Центарот за развој на Вардарски плански регион, едно лице од Општина Велес и едно лице од Општина Чашка. Членовите на групата во соработка со винариите од регионот обезбедија неколку шишиња вино кои што беа предмет на дегустација а дел беа испратени за натпревар на вино пред три члена комисија. Согласно агендата на настанот на ден 13.02.2015 година со почеток во 10.00 часот се организираше винска тура со локален водич кој вклучуваше посета на галерија на вино во Манастирот Св. Ѓорѓи каде се организиран “Ден на вино Вранец”. На овој настан беа изложени вина од винариите од двата региона Охридскиот и Тиквешкиот. Групата претставници од Вардарскиот регион имаа прилика да ги изложат вината од локалните и регионални винарии на соодветен штанд и да ги претстават на гостите кои што доаѓаа на посета за овој настан.
На оваа изложба свое обраќање даде градоначалникот на Општина Неготино кој им доделуваше Благодарници на учесниците на настанот и вклучените винарии на изложбата. Во продолжение на винската тура учесниците беа упатени кон посета на винаријата “Повардарие” во Неготино, посета на мултифункционален центар “Желкова куќа” , посета на “Стара чаршија” во Неготино, посета на регионалната винарија “Попов” со организирана дегустација и промоција на локални брендови на храна и вино. Посетата продолжи на копаничарска работилница “Стари занаети” Неготино, посета на Музеј на град Неготино со отварање а 11-та копаничарска изложба на здружението “Стари занаети”.
Вториот ден од настанот на 14.02.2015 година беше организирана промотивна изложба на локални и регионални производи (храна и вино) и промоција на туристичка понуда од Тиквешкиот и Охридскиот регион. На овој ден беа доделувани награди од натпреварот во вина, на кој еден од претставниците од Вардарскиот регион “Винарија Тристо” од Општина Велес и беше доделена награда за црвени вина коja освои трето место.Потоа следеше организирана посета на традиционалниот настан “Св. Трифун” во Демир Капија, посета на Центарот “CENET” и “Музеј на вино”.

 

 

 

 

 
Copyright © 2019. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance