Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Информативен ден за имплементација на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Вардарскиот плански регион PDF Print E-mail

Денес во Општина Велес, Центарот за развој на Вардарски плански регион заедно со Карана Корпорејшн организираше Информативен ден за имплементација на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Вардарскиот плански регион, кој произлезе како резултат на проектот за експанзија на мали бизниси поддржан од страна на УСАИД и Швајцарската влада.


Целта на денешниот настан беше да ги информираме индивидуалните земјоделци, јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од ВПР за придобивките кои можеме да ги добиеме од воведувањето и спроведувањето на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во нашиот регион. Центарот за развој на Вардарски плански регион силно се залага за овој проект затоа што ќе придонесе во подобрувањето на условите за живот на населението во руралните средини во целиот регион. Проектот има клучна улога во јакнењето на капацитите на приватниот сектор, во поттикнувањето на регионален и локален економски развој во одредени региони во Македонија. Преку осмислени иницијативи, акции и модели за соработка со приватниот сектор и институциите на локалната самоуправа проектот ќе резултира со формирање на Локални Акциони Групи (ЛАГ-ови) како и во создавање на нови работни места. Покрај помош при идентификување на ЛАГ-овите ќе овозможи и градење на капацитетите на акционите групи преку обуки, помош при идентификување на приоритетите и изработка на мини проекти. Според географската поврзаност ќе се формираат 3 ЛАГ-а на територијата на Вардарскиот плански регион. Општините Велес, Чашка и Градско би создале еден микро регион, вториот би бил Општините Демир Капија, Неготино, Кавадарци и Росоман, а третиот општините Свети Николе и Лозово. Формирањето на  ЛАГ-овите бара и взаемна соработка на повеќе страни од општеството, со што воедно промовира значење, сериозност и отвореност на целиот процес. При формирање и регистрирање на ЛАГ-овите мораат да бидат вклучени локалните самоуправи, НВО и Бизнис Секторот кој треба да доминира со над 50%. ЛАГ-овите со нивната регистрација би имале пристап кон ЕУ- Фондовите и Националните Програми на Република Македонија.

 

 

 
Copyright © 2019. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance