Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Одржана обука бр.1 на тема: “Воспоставување на партнерство и формирање на ЛАГ-ови во Вардарски плански регион” во општините Велес, Неготино и Свети Николе PDF Печати Е-пошта

Во периодот 28.04.2015 до 11.05.2015 во просториите на општините Велес, Неготино и Свети Николе се оддржаа воведни обуки за „Воспоставување на партнерство и формирање на ЛАГ-ови“ на кои имаа можност потенцијалните членови на ЛАГ-от: Велес – Чашка - Градско, ЛАГ-от: Кавадарци – Неготино - Росоман - Демир Капија и ЛАГ-от: Свети Николе - Лозово да се запознаат со добро владеење и како да се мобилизираат локалните заедници, информации за референтни национални документи и документите на Европската Комисија кои се однесуваат на територија и формирање на ЛАГ-овите, како и постапка за формирање на ЛАГ-овите.

 

Претставниците од јавниот, приватниот и  граѓанскиот сектор имаа можност да работат и во групи на алатките 4 А Матрица (актер, агенда, арена, алијанса) како и на алатката на заинтересираните страни односно (актери, капацитет за врмежување, технички вештини и знаеења, моќ за донесување на одлуки и финансиски ресурси).

Иницијативата ЛЕАДЕР пристап во Вардарски регион е поддржана од УСАИД и Швајцарската влада преку проектот за експанзија на мали бизниси, а се имплементира преку Центарот за развој на Вардарски плански регион.

Преку проектот ќе се формираат три ЛАГ-а на ниво на Вардарски регион од кој еден е Чашка, Велес и Градско, во другиот ЛАГ се наоѓаат Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија и во третиот ЛАГ Свети Николе и Лозово. ЛЕАДЕР пристапот е развојна методологија според принципот оддолу-нагоре.

Може да се напомене дека ЛЕАДЕР пристапот овозможува пристап и мобилизирање на луѓето од руралните средини самостојно да ја градат својата иднина.

 

 

 
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance