Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Втора обука за собирачи на диво растечки растенија PDF Print E-mail

Во просториите на Граѓански сервис центар на Општина Чашка по втор пат се реализираше обука намената за собирачи на диворастечки растенија.

Обуката се реализира преку УСАИД од проектот„ Експанзија на мали бизниси“ финансирани од Швајцарската Влада во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион и Општина Чашка.
Општина Чашка има голем број на собирачи на диворастечки растенија кои ги предаваат во  регистрираниот откупен центар „ТЕА ПЛАНТС “ во Велес, како и во откупниот центар за печурки „Интермак“ Велес.
Стручниот предавач г-дин Стојанов, консултант за органско производство од "Пробио" - консултантска куќа за органско земјоделство и рурален развој, кој со своето долгогодишно искуство потенцираше дека еколошки чистата средина се само предуслов за чисти билки и непходно е да се врши континуирана едукација со цел да не се наруши биодиверзитетот.
Со оваа обука повеќе од 50 собирачи на билки, шумски плодови и бобинки, печурки и лишаи имаа можност да се едуцираат и секој од нив ќе добие сертификат кој е неопходен за собирање во регионот.
Интересот на собирачите е голем и во зависност од потребите на собирачите ќе се реализираат уште обуки за собирачите на територија на цел Вардарски плански регион.
Имено на територија на Чашка се собира ајдучка трева, бел слез, мечкино грозје, камилица, црвен и жолт кантарион, смрека , капина, шипка, чуен и други билки.
Од печурките во Чашка се собираат пролетен и есенски вргањ, ливадарка, јајчарка, лисичарка, рујница и смрчка.
Лицата кои собираат диворастечки растенија во најголем дел се невработени лица кои имаат можност да  заработат финансиски средства и си го подобрат животот на своите семејства.
Региони на собирање во Велес и Чашка се:
- Велес
- Солунска Глава
- Теово
- Горно Врановци
- Чашка
Деловите на растенија кои се собираат за комерицјални потреби од Вардарскиот регион се: цвет, лист, гранка, плод, корен, ризом и останато.
 
Copyright © 2019. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance