Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Одржана 15-та Седница на Совет за развој на Вардарски плански регион PDF Print E-mail

 

На ден 11.11.2015 година (среда) со почеток во 12:00 часот во просториите на Општина Свети Николе се одржа 15-тата седница на Советот за развој на Вардарски плански регион. На седницата покрај градоначалниците од регионот присуствуваа и градоначалникот на општина Чешиново – Облешево, Г-дин Костадин Личков.

На оваа седница, Советот за развој на ВПР ја усвои Одлуката за Годишна листа на предлог-проекти за развој на Вардарски плански регион за 2016 година врз основа на приоритетност финансирани од страна на Министерството за локална самоуправа - Биро за регионален развој, по претходно подетално образложување од страна на Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион г. Колев. 
Исто така, на оваа Седница на Советот за развој на ВПР, членовите на Советот ја усвоија Одлуката за ,,Водич на инвеститори во Вардарскиот плански регион”, како завршен продукт од реализираниот проект ,,Креирање на база на податоци на ниво на плански регион со информации за локалните трговски друштва и достапни ,,Greenfield” и ,,Brownfield” локации преку Веб страната на Центарот за развој на ВПР”. Воедно, Советот ја усвои и Одлуката за ,,Збирка на индустриски зони и на туристички зони во ВПР”, како завршен продукт на погоре-наведениот проект, реализиран врз основа на доделена награда од страна на Министерството за локална самоуправа за воспоставување на најдобра практика на меѓуопштинска соработка.
Советот за развој на ВПР на оваа Седница исто така ја усвои и Одлуката за промена на седиштето на Центарот за развој на Вардарски плански регион од адреса Панко Брашнар бр.1, 1400 Велес, на Шефки Сали бр.4, 1400 Велес.

 

 

 

 

 
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance