Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Оддржано првото Основачко собрание во рамките на иницијативата "Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристап " во Вардарскиот плански регион PDF Print E-mail

 

На 23.02.2016 година (вторник), во просториите на Општина Свети Николе, со почеток во 11.00 часот, Центарот за развој на Вардарски плански регион го оддржа Првото Основачко Собрание на Здружение за Рурален Развој - Локална Акциона група - Пробатон, кои ги опфаќа териториите на Општина Свети Николе и Општина Лозово. Основачкото Собрание е дел од проектните активности на иницијативата: Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристап во Вардарскиот плански регион”, кој што се одвива во рамки на Проектот на УСАИД за Експанзија на мали бизниси, и е финансиски поддржан од УСАИД и Карана Корпорејшен, а имплементиран од страна на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

На ова собрание, присуствуваа претставници од Центарот за развој на Вардарски плански регион, претставници од јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор од територијата на општините Свети Николе и Лозово, како и надворешен експерт за регионален развој кој го предводеше Основачкото Собрание. Основачкото собрание се одвиваше по дневен ред кој што ги вклучуваше точките за избор на органи за работа на Основачкото Собрание, донесување на одлуки за основање на ова здружение, одлука за донесување и усвојување на Програма за работа на ЗРР – ЛАГ Пробатон, одлука за донесување и усвојување на Статут на ЗРР – ЛАГ Пробатон, како и донесување на Одлука за избор на органи на ова здружение, како што се: Управен Орган, Надзорен Орган и Претседател на Здружението за Рурален развој – ЛАГ Пробатон.

Во периодот што следува, се очекува Здружението за рурален развој – ЛАГ Пробатон да се регистрира во Централен регистар со цел да можат да функционираат како поедничени правни лица, како и отворање на Канцеларија каде што ќе биде сместено Седиштето на ова Здружение за рурален развој – ЛАГ Пробатон.

 

Во претстојниот период, се очекува да се оддржат и уште две Основачки собранија во останатите две Локални Акциони Групи: Тиквешка Винска Долина која ги вклучува Општините: Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Росоман и Вардар Леадер која ја ги опфаќа Општините Велес, Чашка и Градско.



 

 
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance