Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Обука за основни принципи за собирање на лековити ароматични растенија, шумски плодови, лишаи и печурки – зачувување на биодиверзитетот во Вардарски плански регион PDF Print E-mail

Центарот за развој на Вардарски плански регион на 1.11.2016 година, во конференциската сала на Општина Свети Николе, со почеток од 11:00 часот организираше „Обука за основни принципи за собирање на лековити ароматични растенија, шумски плодови, лишаи и печурки – зачувување на биодиверзитетот во Вардарски плански регион”.

Оваа обука беше спроведена во рамки на активноста: „Организирање на 2 настани на Мрежата за инклузивен развој на Вардарски плански регион со релевантни чинители на тема развој на руралниот туризам”, која е дел од проектот: „Поддршка и промоција на препознатливи стопанско туристички настани во ВПР и мапирање на потенцијали за развој на форми на рурален туризам и подготовка на Регистер на потенцијали за рурален туризам на ниво на плански регион, кој е финансиски поддржан од Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.

 

Обуката ја спроведе Г-дин Иван Стојанов, дипломиран инжинер-агроном и на истата присуствуваа собирачи на печурки, лековити и ароматични растенија. Сите присутни на обуката ќе се стекнат со Сертификат за учество на оваа обука.

 

 
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance