Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Обука за органско земјоделско производство во Општина Кавадарци PDF Печати Е-пошта

Центарот за развој на Вардарски плански регион на 10.11.2016 година, во конференциската сала на Општина Кавадарци, со почеток од 11:00 часот организираше „Обука за органско земјоделско производство”.
Оваа обука беше спроведена во рамки на активноста: „Организирање на 2 настани на Мрежата за инклузивен развој на Вардарски плански регион со релевантни чинители на тема развој на руралниот туризам”, која е дел од проектот: „Поддршка и промоција на препознатливи стопанско туристички настани во ВПР и мапирање на потенцијали за развој на форми на рурален туризам и подготовка на Регистер на потенцијали за рурален туризам на ниво на плански регион”, кој е финансиски поддржан од Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.
Обуката ја спроведе Г-дин Иван Стојанов, дипломиран инжинер-агроном и на истата присуствуваа индивидуални земјоделци, кои се занимаваат со производство на органски земјоделски култури. Сите присутни на обуката ќе се стекнат со Потврда за учество на оваа обука.

 


 
Copyright © 2019. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance