Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Регионалната комора со седиште во Велес потпиша меморандуми за соработка со Општина Велес и со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион PDF Печати Е-пошта

Со цел на унапредување на развојот на бизнисот и меѓусебната соработка, на 18.11.2016 година, во Општина Велес, односно во кабинетот на градоначалникот Славчо Чадиев, беа потпишани меморандуми за соработка помеѓу Регионалната комора со седиште во Велес, Општина Велес и Центарот за развој на Вардарски плански регион.

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес, Георги Чадиев, истакна дека ваквите меморандуми за соработка не се само почеток на една соработка, туку продолжување на добрата досегашна соработка и нејзино унапредување, со цел  постигнување подобра меѓусебна комуникација и подобрување на бизнис климата.

Меморандумот за соработка помеѓу Општина Велес и Регионалната комора со седиште во Велес беше потпишан од страна на градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев и претседателот на Регионалната комроа со седиште во Велес, Георги Чадиев.

-Потпишувањето на овие меморандуми значи полесен пристап на компаниите од Велес до европските пари наменети за регионите и подготовка за искористување на кохензионите фондови, истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија.

Меморандумот за соработка помеѓу Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и Регионалната комора со седиште во Велес го потопишаа раководителот на Центарот, Марко Колев и претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес, Георги Чадиев.

Потпишувањето на овие меморандуми го отвора патот на бизнис секторот од  Велес за заедничко искористување и на Европските фондови, со што ќе се подигне конкурентноста и иновативноста на самите компании од овој регион.



 
Copyright © 2019. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance