Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Одржани работилници за поддршка на невладиниот сектор во Вардарски плански регион PDF Print E-mail

На 19 и 20 декември, со почеток во 11:00 часот, во хотел Уни Палас 1 во Општина Кавадарци се одржаa две работилници за поддршка на невладиниот сектор од Вардарскиот плански регион, чиј делокруг на работа е обезбедување на грижа за ранливи категории и лица со психофизички хендикеп. Овие две работилници се реализираа во рамки на проектот: Поддршка на развојот на граѓанскиот сектор од Вардарски плански регион преку партнерства со јавниот и бизнис секторот – Опремување на регионален центар за поддршка на граѓанскиот сектор во општините од Вардарски плански регион со седиште во Општина Кавадарци”, кој е финансиски поддржан од Програмата за локален развој на Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП, Општина Велес и Центарот за развој на Вардарски плански регион. На овие две работилници, присутните имаа можност да се запознаат со формални и неформални механизми за соработка на локално ниво во областа на социјалната заштита. Истовремено, на сите присутни им беа претставени спецификите на меѓународните и националните отворени донаторски програми каде што невладините организации би можеле да аплицираат за финансиски средства.

 
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance