Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Одржана 21-та Седница на Совет за развој на Вардарски плански регион PDF Print E-mail

Денес Центарот за развој на Вардарски плански регион ја одржа 21-вата по ред Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион, во просториите на Општина Росоман.

Дневениот ред го сочинуваа вкупно 8 точки, кои беа предложени од страна на Претседателот на Советот за развој на Вардарски плански регион, м-р Славчо Чадиев,а кои подетално ги образложи Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион. На денешната седница, едногласно беа усвоени Годишниот извештај за работата на Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2016 година и Годишниот извештај за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2016 година, кои се законска обврска на Центарот. По деталното образложение од страна на Г. Колев, беше донесена и Одлуката за усвојување на Завршна сметка за 2016 година на Центарот за развој на Вардарски плански регион. Како и на досегашните седници и на денешната седница на Советот, г. Колев ги информираше членовите за степенот на реализација на Договорите за соработка потпишани помеѓу Министерството за локална самоуправа и Единиците на локалната самоуправа од Вардарски плански регион, основачи на Центарот. Тој ги запозна членовите на Советот со активностите и задачите кои како законска обврска го спроведе Центарот во изминатата 2016 година.

Раководителот на Центарот ги информираше Градоначалниците за имплементираните проекти во 2016 година, вкупно 16, од кои 6 проекти финансирани преку Биро за регионален развој, 1 проект преку Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и 8 проекти преку странски донатори, УНДП, ГИЗ, УСАИД. Воедно Г. Колев ги запозна присутните со степенот на реализација на тековните проекти на Центарот за развој на Вардарски плански регион финансирани од домашни и странски извори кои целосно ќе се реализираат оваа година и кои се вкупно 7 на број, како и со 9-те нови проекти аплицирани изминатата година за кои сеуште се чека уште одговор.


 
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance