Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Потпишан договор во рамки на Проект „Подобрување на животната средина преку уредување на речните корита во вардарскиот регион , уредување на речното корито на реката Луда Мара – Општина Кавадарци“ PDF Печати Е-пошта

Денес  21.07.2017 е склучен договор помеѓу Центарот за развој на Вардарски плански регион кој се јавува како инвеститор и Градба Промет од Кавадарци кој се јавува како изведувач во рамки на Проектот „Подобрување на животната средина преку уредување на речните корита во вардарскиот регион , уредување на речното корито на реката Луда Мара – Општина Кавадарци“.Со овој проект се опфаќа реализација на третата и последна градежна фаза за уредување на речното корито со вкупна должина од 355 метри од кои покрај уредувањето и изградба на пешачки дел на кејот, предвидено е да се постави и урбана опрема, осветлување и два пешачки моста. Проектот е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Биро за регионален развој преку програмата за рамномерен регионален развој и истиот се планира да биде завршен во рок од 4 месеци.

 


 
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance