Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Одржана Конститутивна седница на Советот за развој на Вардарски плански регион PDF Печати Е-пошта

Денес во Општина Велес, како најголема општина по број на жители во составот на Вардарски плански регион, се одржа Конститутивната седница на Советот за развој на Вардарски плански регион. На Седницата покрај градоначалниците на деветте општини во рамки на регионот и Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион присуствуваа и претставници од Министерство за локална самоуправа меѓу кои и Заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлевски,кој им посака успешна работа на Градоначанниците од Вардарски плански регион и истакна дека Министерството е отворено за соработка.

На денешната седница се конституира Советот за развој на Вардарски плански регион. Од страна на тричлената верификациона комисија формирана од присутните градоначалници, беше изготвен Извештај врз основа на кој едногласно беше донесена Одлука за верификација на мандатите на членовите на Советот за развој на Вардарскиот плански регион.

За претседател на Советот за развој на Вардарски плански регион беше избран Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, со мандат од 2 (две) години, со право на реизбор.

Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Марко Колев, ја искористи оваа можност да ги запознае Градоначалниците, членови на Советот, со досегашната работа и начинот на функционирање на Центарот, со целите и приоритетите, организационата поставеност, реализираните проекти и проектите во тек, и воедно посочи дека и понатаму ќе се залага за постигнување на рамномерен и одржлив развој во целиот Вардарски плански регион.

 
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance