Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Одржана прва консултативна работилница за изработка на предфизибилити студија за воспоставување на меѓу-регионален технолошки парк (МТП) за Вардарскиот и Источниот плански регион PDF Печати Е-пошта

На 27.11.2017 година во зградата на Ректоратот на Универзитетот Гоце Делчев во Штип се одржа првата консултативна работилница со проектните партнери за изработка на предфизибилити студија за воспоставување на меѓу-регионален технолошки парк (МТП) за Вардарскиот и Источниот плански регион.

Целта на настанот беше анализа на првичните добиени резултати од спроведените интервјуа и анкети со релевантните чинители. Работилницата беше спроведена од страна на експертот Јасмина Поповска од Програмата за развој на Обединетите Нации - УНДП.

Настанот беше организиран во рамки на проектот за „Изработка на предфизибилити студија за воспоставување на меѓу-регионален технолошки парк (МТП) за Вардарскиот и Источниот плански регион”, а е финаансиски поддржан од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).


 
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance