Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Одржана Конститутивната седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Вардарскиот плански регион PDF Печати Е-пошта

Во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион се одржа Конститутивната седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Вардарскиот плански регион. На истата се верификуваа мандатите на членовите на МОУО. Членовите пристапија кон избор на Претседавач, а едногласна поддршка доби Г.Аце Коцевски.

На седницата присуствуваше и м-р. Ана Каранфилова-Мазневска, Раководител на сектор за управување со отпад во Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија која што подетално ги запозна членовите за Интегрираниот систем за управување со цврст отпад во Вардарски регион.


 
Copyright © 2018. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance