Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Одржана 3-тата Седница на Совет за развој на Вардарски плански регион PDF Print E-mail

 

Денес во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион се одржа третата седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.

На оваа седница од страна на членовите на Советот едногласно беа усвоени неколку одлуки меѓу кои Одлука за давање на согласност на ЦРВПР за аплицирање за пристап до грантовата шема (2018-2020) во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој “ финансиски поддржан од Владата на Република Македонија и Владата на Швајцарската Конфедерација, Одлука за Годишниот план за работата на Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2017 година, Одлука за Годишниот план за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2017 година, Одлука за усвојување на Годишен финансиски извештај за работењето на Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2017 година.

Покрај одлуките беа презентирани неколку презентации од областа на Енергетската ефикасност, Можностите за соработка помеѓу општините од Вардарски плански регион со Факултетот за туризам и угостителство- Охрид, како и презентација за проектот за развој на деловниот екосистем финансиран од страна на УСАИД

 

.


 

 

 
Copyright © 2018. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance