Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Подготвителни активности за воведување на ИПАРД мерката „Унапредување и развој на руралната инфраструктура“ PDF Print E-mail

 

Центарот за развој на Вардарски плански регион во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Тело за управување со ИПАРД организира состанок на тема: Подготвителни активности за акредитација на ИПАРД мерката Унапредување и развој на руралната инфраструктура.

Г. Игор Трошански од Телото за управување со ИПАРД на денешниот состанок со претставниците од општините во Вардарскиот регион, објасни за мерката Инвестиции во руралната јавна инфраструктура, односно кои можат да бидат баратели и корисници од истата. Кои се општите и посебни критериуми за прифатливост, национални и ЕУ стандарди и кои можат да бидат прифатени инвестиции. Беше посочено колку изнесува висината на поддршката и спроведување на административнта процедура. Заклучок од денешниот состанок е потребата од спроведување на обуки на лицата вработени во општините во Вардарскиот регион, односно да се обучат да спроведуваат тендерска постапка за јавна набавка за реализирање на предложената иневстиција во согласност со правилата на ПРАГ. Неофицијално се наговести дека постои можност да се одржат обуки на регионално ниво, со цел поголема спремност при аплицирање на претстојниот јавен повик за ИПАРД мерката Унапредување и развој на руралната инфраструктура.


 

 

 
Copyright © 2018. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance