Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Информации
Настан за соработка и размена на добри практики помеѓу регионот Алзас,Р. Франција и ВПР во доменот на виното PDF Печати Е-пошта

Центарот за развој на Вардарски плански регион во соработка со Асоцијација АЛМА од Регионот Алзас на ден 23 Април, 2015 година во Хотел Гардениа во Велес организираше настан за Соработка и размена на добри практики помеѓу регионот Алзас од Р. Франција и Вардарскиот плански регион во доменот на виното на тема „Винските патишта на Вардарскиот и регионот Алзас од Р. Франција“. Овој настан е дел од проектот “Воспоставување на билатерална соработка помеѓу Вардарски плански регион и регионот Алзас од Република Франција во доменот на виното и размена на добри практики” кој е финасиски поддржан од Програмата за развој на ОН- УНДП.

Повеќе...
 
УСАИД ќе ги ревитлизира руралните заедници во вардарскиот регион со помош на ЛЕАДЕР пристапот PDF Печати Е-пошта

Денес, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, со Центарот за развој на вардсрскиот плански регион, свечено го одбележа почетокот на иницијатива за имплементација на ЛЕАДЕР (LEADER) пристапот за локален економски развој во вардарскиот регион.

ЛЕАДЕР пристапот е форма на јавно-приватно партнерство базиран на оформување на Локални акциони групи (ЛАГ-ови), здруженија кои се соетојат од претставници на јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор. Оваа нова иницијатива ќе работи на формирањето на две Локални акциони групи во вардарскиот регион кои ќе ги обединат трите сектори околу заеднички проблеми поврзани со локалниот економски развој и ќе им овозможат да развијат проекти за нивно решавање.


„Co создавање на канал преку кој сите различни чинители ќе можат да се соберат на едно место и да споделуваат идеи, ЛЕАДЕР пристапот гарантира дека проектите кои се скроени за бенефит на мнозинството на граѓаните во регионот ќе бидат развиени и спроведени," рече Џејмс Стаин, директорот на УСАИД во Македонија. „Овој пристап става голема важност на вклучувањето на традиционално помалку застапените групи во процесот на економски развој, како жените и ллладите," додаде тој.

ЛЕАДЕР пристапот е иницијатива на Европската унија за поддршка на проекти за рурален развој кои се иницирани на локално ниво со цел ревитализација на руралните обласни и создавање на работни места. Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси во 2013 и 2014 го воведе ЛЕАДЕР (LEADER) пристапот во Пелагонија и во североисточниот регион, и успешно формираше три Локални акциони груп. Локалните акциони групи во битолскиот, прилепскиот и ресенскиот регион ги обединија приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор околу заеднички проблеми поврзани со локалниот економски развој. Локалните акциони групи веќе работат на развивање и спроведување на проекти за економски развој, вклучувајќи и студија која им помогна на производителите на јаболка од Ресен да додадат вредност на нивното производство преку преработување на јаболките во јаболков сок или концентрат. Проектот исто така почна да го спроведува пристапот во полошкиот регион во февруари 2015.

 
Програмата за регионален економски развој РЕД ГИЗ, Канцеларија Скопје, објавува повик за пројавување интерес за обезбедување консултантски услуги PDF Печати Е-пошта

 

Програмата за регионален економски развој РЕД ГИЗ, Канцеларија Скопје, објавува повик за пројавување интерес за обезбедување консултантски услуги.


На следниот линк можете да го превземете објавениот оглас - Превземи

 

 

 
ОБЈАВА за ангажирање на волонтер PDF Печати Е-пошта

 

Врз основа на Програмата за волонтерство за 2015 година на Центарот за развој на Вардарски плански регион бр. 04-11/1 од 08.01.2015 година и во рамки на проектот Мрежа за инклузивен развој (МИР) на Вардарски плански регион поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП: “Локална акција за инклузивен развој – Програма за локален развој, Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 20.01.2015 година донесе:

 

О Б Ј А В А

ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ВОЛОНТЕР

за шест месеци

 

 

  1. I.Центарот за развој на Вардарски плански регион има потреба од ангажирање на еден волонтер кој ќе работи под директен надзор на Раководителот на ЦРВПР, тимот од УНДП во рамки на Програмата за локален развој и членовите на заедничкото работно тело.
  2. II.Кандидатот за волонтер задолжително треба да ги исполнува следните услови:

-          Да е државјанин на Р.Македонија,

-          Да има завршено високо образование (180 ЕКТС / 240 ЕКТС кредити или завршен VII/1 степен) или да е апсолвент,

-          Да има познавање на англиски јазик,

-          Да има познавање на работа со компјутери.

  1. III.Објавата трае 5 (пет) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето.
  2. IV.Заинтересираните кандидати треба да дојдат во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион на следната адреса: Панко Брашнар бр.1, Велес.

 

Избраниот кандидат ќе потпише Договор за волонтерство со Центарот за развој на Вардарски плански регион за период од шест месеци од денот на склучувањето на Договорот.

 

                                                                              

 

 

                                                                     Центар за развој на Вардарски плански регион

                                                                                              Раководител

                                                                                              Марко Колев

 
OБЈАВА за ангажирање на волонтер PDF Печати Е-пошта

Врз основа на Програмата за волонтерство за 2014 година на Центарот за развој на Вардарски плански регион бр. 04-9/1 од 03.01.2014 година и во рамки на проектот Мрежа за инклузивен развој (МИР) на Вардарски плански регион поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП: “Локална акција за инклузивен развој – Програма за локален развој, Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 05.09.2014 година донесе:

 

О Б Ј А В А

ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ВОЛОНТЕР

за шест месеци

 

I.Центарот за развој на Вардарски плански регион има потреба од ангажирање на еден волонтер кој ќе работи под директен надзор на Раководителот на ЦРВПР, тимот од УНДП во рамки на Програмата за локален развој и членовите на заедничкото работно тело.

II.Кандидатот за волонтер задолжително треба да ги исполнува следните услови

  • Да е државјанин на Р.Македонија,
  • Да има завршено високо образование (180 ЕКТС / 240 ЕКТС кредити или завршен VII/1 степен) или да е апсолвент,
  • Да има познавање на англиски јазик,
  • Да има познавање на работа со компјутери.

III.Објавата трае 5 (пет) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето.

IV.Заинтересираните кандидати треба да дојдат во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион на следната адреса: Панко Брашнар бр.1, Велес.

 

Избраниот кандидат ќе потпише Договор за волонтерство со Центарот за развој на Вардарски плански регион за период од шест месеци од денот на склучувањето на Договорот.

                                                      Центар за развој на Вардарски плански регион                                                                                                                                                        Раководител

                                                                                                            Марко Колев

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 Следно > Крај >>

Page 3 of 7
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance