Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Информации
Европратеникот Ричард Ховит, во посета на Вардарскиот плански регион PDF Печати Е-пошта

Соработката со УНДП, која од неодамна ја почна Центарот за развој на ВПР, беше причината за посетата на европратеникот и известувач за Р. Македонија во Брисел, г-динот Ричард Ховит. Во рамките на својата посета , европратеникот оствари средба со претседателот на Советот за развој на ВПР, г-дин Горан Петров на која меѓудругото се разговараше за процесот на децентрализација и концептот за рамномерен регионален развој во Р. Македонија и предизвиците со кои се соочува Вардарскиот плански регион. Во продолжение на посетата беше одржана тркалезна маса со присуство на Невладиниот сектор и бизнис заедницата од регионот, на која беше истакната досегашната соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и општините од регионот на најразлични заеднички проекти, а беа преставени и плановите за во иднина.

Повеќе...
 
УНДП ќе го подржува развојот во Вардарскиот регион во наредните две години PDF Печати Е-пошта

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во наредните две години ќе обезбеди финансиска и техничка помош во развојот на Вардарскиот регион, преку проектот Локална Акција за Инклузивен Развој, кој ќе се базира на принципите на меѓуопштинска соработка (МОС). На вчерашната воведна работилница во Хотел Романтик, беше промовиран проектот и активностите кои ќе бидат подржани од страна на УНДП. Проектот ќе се спроведува во партнерство со Центарот за развој на ВПР , но и со активно вклучување на Општините, НВО секторот и Бизнис заедницата од регионот, чии претставници беа присутни на работилницата.

Повеќе...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Физибилити студија за утврдување на потенцијалите на Вардарскиот плански регион за искористување на обновливи извори на енергија PDF Печати Е-пошта

       Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од законот за животна средина (Сл.весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11) и член 3 од Уредбата за учество на јавноста  во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл.весник на РМ бр.147/08 и 45/11) Центарот за развој на Вардарски плански регион го објавува следното:

ИЗВЕСТУВАЊЕ

За изработка на Извештај за стратегиска оцена на влијание врз животната средина за ,,Физибилити студија за утврдување на потенцијалите на Вардарскиот плански регион за искористување на обновливи извори на енергија,,

Повеќе...
 
Отпочна со работа Економскиот Совет на градоначалникот на Општина Велес PDF Печати Е-пошта

Градоначалникот на општина Велес и претседател на Советот за развој на Вардарски плански регион, го формираше Економскиот совет како помошно советодавно тело чија основна цел е подобрување на општата економска состојба на општината, преку привлекување на инвестиции и отворање на нови работни места. Членови на Економскиот совет, покрај градоначалникот се Раководителот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, Претседателот на регионалната стопанска комора, Претседателот на регионалното здружение на занаетчии, претставник од Ротари клубот Велес и претставник на Лајонс клубот од Велес.

Повеќе...
 
Вардарската регата Гемиџии 2012 PDF Печати Е-пошта

Возобновување на минатото и создавање на единствен бренд на град Велес преку нај-светлата револуционерна традиција за нашиот  град – пловењето на Вардарската регата – Гемиџиите. Оддавање на признание на сите оние кои ги положија своите животи за Република Македонија, за сите оние што не се штеделе и се арчеле за Македонија. Со реализацијата на пловидбата на  Вардарската регата (од Велес до Гевгелија),  доаѓа до развивање и промоција на Вардарскиот регион, преку која се создаваат и услови за промоција на транзитниот туризам и развој и иницирање на туризмот по течението на реката Вардар. 

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 Следно > Крај >>

Page 5 of 7
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance