Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Информации
Одржана 19-та Седница на Совет за развој на Вардарски плански регион PDF Печати Е-пошта

Советот за развој на Вардарски плански регион ја одржа 19-та Седница. На дневен ред беа дискутирани и едногласно изгласани три предлог одлуки. Во рамките на дневниот ред истотака беа прикажани три информации и донесени неколку заклучоци. Пред присутните членови на Советот за развој на Вардаски плански регион претставник од Светска банка ги презентираше новите можности за аплицирање за нови проекти, за користење на средства од МСИП2 објавени од страна на Министертсвото за финансии, а поддржани од Светска банка.
Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион г-дин Марко Колев со присутните Градоначалниците од ВПР разговараа за идни проекти кои што ќе се имплементираат во 2017 година, а истите би биле подобни за финансирање од Биро за регионален развој.



 
Оддржано првото Основачко собрание во рамките на иницијативата "Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристап " во Вардарскиот плански регион PDF Печати Е-пошта

 

На 23.02.2016 година (вторник), во просториите на Општина Свети Николе, со почеток во 11.00 часот, Центарот за развој на Вардарски плански регион го оддржа Првото Основачко Собрание на Здружение за Рурален Развој - Локална Акциона група - Пробатон, кои ги опфаќа териториите на Општина Свети Николе и Општина Лозово. Основачкото Собрание е дел од проектните активности на иницијативата: Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристап во Вардарскиот плански регион”, кој што се одвива во рамки на Проектот на УСАИД за Експанзија на мали бизниси, и е финансиски поддржан од УСАИД и Карана Корпорејшен, а имплементиран од страна на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

На ова собрание, присуствуваа претставници од Центарот за развој на Вардарски плански регион, претставници од јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор од територијата на општините Свети Николе и Лозово, како и надворешен експерт за регионален развој кој го предводеше Основачкото Собрание. Основачкото собрание се одвиваше по дневен ред кој што ги вклучуваше точките за избор на органи за работа на Основачкото Собрание, донесување на одлуки за основање на ова здружение, одлука за донесување и усвојување на Програма за работа на ЗРР – ЛАГ Пробатон, одлука за донесување и усвојување на Статут на ЗРР – ЛАГ Пробатон, како и донесување на Одлука за избор на органи на ова здружение, како што се: Управен Орган, Надзорен Орган и Претседател на Здружението за Рурален развој – ЛАГ Пробатон.

Во периодот што следува, се очекува Здружението за рурален развој – ЛАГ Пробатон да се регистрира во Централен регистар со цел да можат да функционираат како поедничени правни лица, како и отворање на Канцеларија каде што ќе биде сместено Седиштето на ова Здружение за рурален развој – ЛАГ Пробатон.

 

Во претстојниот период, се очекува да се оддржат и уште две Основачки собранија во останатите две Локални Акциони Групи: Тиквешка Винска Долина која ги вклучува Општините: Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Росоман и Вардар Леадер која ја ги опфаќа Општините Велес, Чашка и Градско.



 

 
Одржана 15-та Седница на Совет за развој на Вардарски плански регион PDF Печати Е-пошта

 

На ден 11.11.2015 година (среда) со почеток во 12:00 часот во просториите на Општина Свети Николе се одржа 15-тата седница на Советот за развој на Вардарски плански регион. На седницата покрај градоначалниците од регионот присуствуваа и градоначалникот на општина Чешиново – Облешево, Г-дин Костадин Личков.

На оваа седница, Советот за развој на ВПР ја усвои Одлуката за Годишна листа на предлог-проекти за развој на Вардарски плански регион за 2016 година врз основа на приоритетност финансирани од страна на Министерството за локална самоуправа - Биро за регионален развој, по претходно подетално образложување од страна на Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион г. Колев. 
Исто така, на оваа Седница на Советот за развој на ВПР, членовите на Советот ја усвоија Одлуката за ,,Водич на инвеститори во Вардарскиот плански регион”, како завршен продукт од реализираниот проект ,,Креирање на база на податоци на ниво на плански регион со информации за локалните трговски друштва и достапни ,,Greenfield” и ,,Brownfield” локации преку Веб страната на Центарот за развој на ВПР”. Воедно, Советот ја усвои и Одлуката за ,,Збирка на индустриски зони и на туристички зони во ВПР”, како завршен продукт на погоре-наведениот проект, реализиран врз основа на доделена награда од страна на Министерството за локална самоуправа за воспоставување на најдобра практика на меѓуопштинска соработка.
Советот за развој на ВПР на оваа Седница исто така ја усвои и Одлуката за промена на седиштето на Центарот за развој на Вардарски плански регион од адреса Панко Брашнар бр.1, 1400 Велес, на Шефки Сали бр.4, 1400 Велес.

 

 

 

 

 
Одржана обука бр.1 на тема: “Воспоставување на партнерство и формирање на ЛАГ-ови во Вардарски плански регион” во општините Велес, Неготино и Свети Николе PDF Печати Е-пошта

Во периодот 28.04.2015 до 11.05.2015 во просториите на општините Велес, Неготино и Свети Николе се оддржаа воведни обуки за „Воспоставување на партнерство и формирање на ЛАГ-ови“ на кои имаа можност потенцијалните членови на ЛАГ-от: Велес – Чашка - Градско, ЛАГ-от: Кавадарци – Неготино - Росоман - Демир Капија и ЛАГ-от: Свети Николе - Лозово да се запознаат со добро владеење и како да се мобилизираат локалните заедници, информации за референтни национални документи и документите на Европската Комисија кои се однесуваат на територија и формирање на ЛАГ-овите, како и постапка за формирање на ЛАГ-овите.

Повеќе...
 
Втора обука за собирачи на диво растечки растенија PDF Печати Е-пошта

Во просториите на Граѓански сервис центар на Општина Чашка по втор пат се реализираше обука намената за собирачи на диворастечки растенија.

Обуката се реализира преку УСАИД од проектот„ Експанзија на мали бизниси“ финансирани од Швајцарската Влада во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион и Општина Чашка.
Општина Чашка има голем број на собирачи на диворастечки растенија кои ги предаваат во  регистрираниот откупен центар „ТЕА ПЛАНТС “ во Велес, како и во откупниот центар за печурки „Интермак“ Велес.
Стручниот предавач г-дин Стојанов, консултант за органско производство од "Пробио" - консултантска куќа за органско земјоделство и рурален развој, кој со своето долгогодишно искуство потенцираше дека еколошки чистата средина се само предуслов за чисти билки и непходно е да се врши континуирана едукација со цел да не се наруши биодиверзитетот.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 Следно > Крај >>

Page 2 of 7
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance