Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
News
Промоција на Проект „Подобрување на животната средина преку уредување на речните корита во вардарскиот регион , уредување на речното корито на реката Луда Мара – Општина Кавадарци“ PDF Print E-mail

Во просториите на Општина Кавадарци градоначалникот на Општина Кавадарци г.дин Александар Панов заедно со раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион г-дин Марко Колев го промовираа Проектот „Подобрување на животната средина преку уредување на речните корита во вардарскиот регион , уредување на речното корито на реката Луда Мара – Општина Кавадарци“. Со овој проект се опфаќа реализација на третата и последна градежна фаза за уредување на речното корито со вкупна должина од 355 метри од кои покрај уредувањето и изградба на пешачки дел на кејот, предвидено е да се постави и урбана опрема, осветлување и два пешачки моста. Проектот е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Биро за регионален развој преку програмата за рамномерен регионален развој со вкупна вредност од 15.050.526 денари, од кои 9.629.433 денари се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа - Биро за регионален развој и 5.421.093 денари со кофинансирање од Општина Кавадарци.


 
Одржана 22-рата Седница на Совет за развој на Вардарски плански регион PDF Print E-mail

Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 09.05.2017 година ја одржа 22-рата по ред Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион, во просториите на Општина Кавадарци. Дневениот ред го сочинуваа вкупно 6 точки и истиот беше едногласно усвоен. Раководителот на Центарот г-дин Марко Колев ги информираше Градоначалниците за аплицираните проекти од страна на Центарот за развој на Вардарски плански регион и проекти кои се во фаза на реализација, како и за тековните активности на Центарот. Покрај ова, од страна на членовите на Советот на Вардарски плански регион беше потпишан Договорот за соработка во 2017 година помеѓу Министерство за локална самоуправа и единиците за локална самоуправа од Вардарскиот плански регион.


 
Промоција на Проектот „Заштита на водите на Езеро Младост преку регулирање на отпадните води во населба Отовица“ PDF Print E-mail

Во просториите на Општина Велес Претседателот на совет на Вардарскиот плански регион и воедно градоначалник на Општина Велес м-р Славчо Чадиев заедно со раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион г-дин Марко Колев го промовираа Проектот „Заштита на водите на Езеро Младост преку регулирање на отпадните води во населба Отовица“. Со овој проект се опфаќа изградба на фекална канализација во населба Отовица со вкупна должина од 2.514м која ќе се поврзува со колекторскиот систем. Проектот е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Биро за регионален развој преку програмата за рамномерен регионален развој во износ од 8.197.364 денари .


 
Промоција на ново-опремените канцеларии на „Регионалниот центар за поддршка на граѓанскиот сектор во општините од Вардарски плански регион со седиште во општина Кавадарци“ PDF Print E-mail

Центарот за развој на Вардарски плански регион и Општина Кавадарци на ден 17.03.2017 година (петок), свечено ги промовираа ново-опремените канцеларии на „Регионалниот центар за поддршка на граѓанскиот сектор во општините од Вардарски плански регион со седиште во општина Кавадарци“.

Проектот за опремување на канцелариите со комјутерска технологија и канцелариски материјал претставува продолжение на првата фаза за изградба на овој Регионален центар. Опремувањето на Регионалниот центар како втора фаза е финансиски поддржан од страна на  Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП и Општина Кавадарци, за чија цел беа издвоени 740.139,00 денари.

Првата фаза на овој проект, односно изградбата на овој Регионален центар е финансиски овозможена од Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа, во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2015 година, за која беа издвоени 4.099.616,00 денари.

 

Со опремувањето на Регионалниот центар ќе се овозможи јакнење на капацитетите на граѓанските организации, од аспект на логистичката подршка на истите, што пак, ќе придонесе кон поголема мотивираност кај нив за развивање на нови креативни идеи и предлози,  иницијативи и се она што е во склоп на развој на општеството.


 
Потпишан Договор со Амбасадата на Јапонија во Скопје за проектот „Опремување на Против-пожарната единица во Општина Велес PDF Print E-mail

Денес 13 март 2017 година, Центарот за развој на Вардарски плански регион потпиша Договор со Амбасадата на Јапонија во Скопје во рамки на проектот „Опремување на Против-пожарната единица во Општина Велес со ново противпожарно возило“. Проектот е финансиран од програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти” (Grant Assistance for Grassroots Human Security Projects – GGP) основана од Владата на Јапонија. Обезбедени се 60.442 евра за набавка на ново противпожарно возило, пожарникарска опрема и апарати за комуникација помеѓу пожарникарите на Територијалната Против-пожарна единица Велес.

 

 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 1 of 15
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance