Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Вести
Обука за органско земјоделско производство во Општина Кавадарци PDF Печати Е-пошта

Центарот за развој на Вардарски плански регион на 10.11.2016 година, во конференциската сала на Општина Кавадарци, со почеток од 11:00 часот организираше „Обука за органско земјоделско производство”.
Оваа обука беше спроведена во рамки на активноста: „Организирање на 2 настани на Мрежата за инклузивен развој на Вардарски плански регион со релевантни чинители на тема развој на руралниот туризам”, која е дел од проектот: „Поддршка и промоција на препознатливи стопанско туристички настани во ВПР и мапирање на потенцијали за развој на форми на рурален туризам и подготовка на Регистер на потенцијали за рурален туризам на ниво на плански регион”, кој е финансиски поддржан од Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.
Обуката ја спроведе Г-дин Иван Стојанов, дипломиран инжинер-агроном и на истата присуствуваа индивидуални земјоделци, кои се занимаваат со производство на органски земјоделски култури. Сите присутни на обуката ќе се стекнат со Потврда за учество на оваа обука.

 


 
Обука за органско земјоделско производство во Општина Свети Николе PDF Печати Е-пошта

Центарот за развој на Вардарски плански регион на 8.11.2016 година, во конференциската сала на Општина Свети Николе, со почеток од 11:00 часот организираше „Обука за органско земјоделско производство”.

Оваа обука беше спроведена во рамки на активноста: „Организирање на 2 настани на Мрежата за инклузивен развој на Вардарски плански регион со релевантни чинители на тема развој на руралниот туризам”, која е дел од проектот: „Поддршка и промоција на препознатливи стопанско туристички настани во ВПР и мапирање на потенцијали за развој на форми на рурален туризам и подготовка на Регистер на потенцијали за рурален туризам на ниво на плански регион, кој е финансиски поддржан од Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.

 

Обуката ја спроведе Г-дин Иван Стојанов, дипломиран инжинер-агроном и на истата присуствуваа индивидуални земјоделци, кои се занимаваат со производство на органски земјоделски култури. Сите присутни на обуката ќе се стекнат со Потврда за учество на оваа обука.

 

 

 
Обука за основни принципи за собирање на лековити ароматични растенија, шумски плодови, лишаи и печурки – зачувување на биодиверзитетот во Вардарски плански регион PDF Печати Е-пошта

Центарот за развој на Вардарски плански регион на 03.11.2016 година, во Општина Кавадарци, со почеток од 11:00 часот организираше „Обука за основни принципи за собирање на лековити ароматични растенија, шумски плодови, лишаи и печурки – зачувување на биодиверзитетот во Вардарски плански регион”.

Оваа обука беше спроведена во рамки на активноста: „Организирање на 2 настани на Мрежата за инклузивен развој на Вардарски плански регион со релевантни чинители на тема развој на руралниот туризам”, која е дел од проектот: „Поддршка и промоција на препознатливи стопанско туристички настани во ВПР и мапирање на потенцијали за развој на форми на рурален туризам и подготовка на Регистер на потенцијали за рурален туризам на ниво на плански регион”, кој е финансиски поддржан од Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.

Обуката ја спроведе Г-дин Иван Стојанов, дипломиран инжинер-агроном и на истата присуствуваа собирачи на печурки, лековити и ароматични растенија. Сите присутни на обуката ќе се стекнат со Сертификат за учество на оваа обука.



 
Уредување на излетничкo место Мавровица - Општина Свети Николе PDF Печати Е-пошта

На вештачкото езеро Мавровица - Општина Свети Николе во тек е завршната фаза од реализирање на проектот "Уредување на излетничко место Мавровица", со поставување на урбана опрема на шест локации на крајбрежјето на езерото.

Проектот е финансиран од страна Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку мерка 323, а имплементиран од страна на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

 

 

 

 
Изградба на систем за водоснабдување во Етно село Клисура - Општина Демир Капија PDF Печати Е-пошта

Во Општина Демир Капија се започнати градежните акивности во рамки на проектот “Изградба на систем за водоснабдување во Етно село Клисура", финансиран од страна на Биро за регионален развој а имплементиран од страна на Центарот за развој на Вардарски плански регион.


 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Page 5 of 17
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance