Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Вести
Изведба на улични тротоари на улиците во Општина Росоман PDF Печати Е-пошта

Во Општина Росоман во тек се градежните активности во рамки на проектот "Изведба на улични тротоари на улиците "Пере Тошев" , "Маршал Тито" и "Илинденска". Истите се одвиваат во предвидената временска рамка.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
Оддржан настан на тема : Заштита на животната средина преку енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија PDF Печати Е-пошта

На ден 18 Октомври 2016 година во просториите на Општина Неготино, Центарот за развој на Вардарски плански регион организираше информативен настан на тема: Заштита на животната средина преку енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија, предвидена активност во рамките на Договорот за соработка во 2016 година помеѓу Министерство за локална самоуправа и единиците на локалната самоуправа од Вардарскиот плански регион, основачи на Центарот за развој на Вардарски плански регион.
Информативниот настан произлезе од Програмата за развој на Вардарски плански регион 2015-2019, во делот на подобрување на енергетската ефикасност преку подигнување на јавната свест за значењето на енергијата како релевантен ресурс, нејзино рационално искористување и промовирање на нови обновливи извори на енергија кои ќе бидат ефикасни во јавниот и приватниот сектор. Имплементацијата на овие активности, директно ќе придонесе за намалување на потрошувачката на енергијата, ќе се намали загадувањето на животната средина и ќе придонесе кон заштеда на буџетите во јавниот и приватен сектор.
На денешниот информативен настанот земаа учество претставници со свои презентации од Заедничкото тело за енергетска ефикасност во Вардарски плански регион, Г. Ванчо Петров, претставник од Агенција за енергетика на РМ, Г. Панче Атанасовски дипл. ел. инж.- советник, претставник од Министерство за економија, Сектор за енергетика, Г-ѓа Жанета Петрова и претставник од технички институт Македонија, Г. Павле Миладинов.

 

 

 
Центарот за развој на Вардарски плански регион склучи Договор со Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП за имплементација на нов проект PDF Печати Е-пошта

Центарот за развој на Вардарски плански регион склучи Договор со Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП за имплементација на нов проект: „Спроведување на колективни акции од Мерка 3 од Програмата за работа на Мрежата за инклузивен развој на Вардарски плански регион 2014-2016 и изработка на нова Програма за работа на Мрежата за инклузивен развој на Вардарски плански регион 2017-2020”.
Во рамки на овој проект, предвидена е изработка и монтажа на ПВЦ врати и прозори од термопан стакло во ЈОУДГ „Борис Трајковски” во општина Демир Капија, како и изработка на нова Програма за работа на Мрежата за инклузивен развој на Вардарски плански регион 2017-2020. 
Проектот е дел од Програмата на УНДП: „Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво” и истиот е финансиски поддржан од страна на УНДП, Општина Демир Капија и Центарот за развој на Вардарски плански регион.

 


 
Свечено пуштање во употреба на локален пат од клучка на магистрален пат Свети Николе-Куманово до село Орел PDF Печати Е-пошта

На ден 30.09.2016 год. во с.Орел, Општина Свети Николе се одржа свеченото пуштање во употреба на локален пат од клучка на магистрален пат Свети Николе-Куманово до село Орел во должина од 4.3км. Истиот е финансиран од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку мерката 321, а имплементиран од страна на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

 

 
Оддржан состанок од страна на Центарот за управување со кризи на РМ во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион PDF Печати Е-пошта

Во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 18.02.2016 година се одржа работен состанок кој беше инициран од страна на Центарот за управување со кризи на Република Македонија. На состанокот присуствуваа Директорот на Центарот за управување со кризи на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу, Раководителот на регионалниот центар за управување со кризи, г-дин Љубенчо Јанушев, градоначалници од Вардарскиот плански регион, Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион, г-дин Марко Колев, лицата одговорни за локалните центри за управување со кризи од Вардарскиот плански регион и останати значајни претставници.
Оддржаниот состанок се фокусираше кон утврдување на сите можни ризици и опасности карактеристични за зимскиот и пролетниот период, за институционалната подготвеност за нивно надминување, како и за искуствата од минатиот период. Стана збор за потребата од зголемената активност, присуството на терен и размената на оперативни планови помеѓу сите релевантни фактори. Притоа се утврди комуникацијата, координацијата и соработката во сите евентуални фази.


 

 

 

 

 

 

 


 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Page 6 of 17
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance