Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Вести
Одржан состанок на фокус група за подготовка на концептуална студија за изградба на меѓурегионален технолошки парк во Вардарскиот и Источниот плански регион PDF Печати Е-пошта

На 14.12.2016 година (среда), во конференциската сала на Центарот за развој на Вардарски плански регион, со почеток од 10:15 часот се одржа состанок на фокус група за подготовка на концептуална студија за изградба на меѓурегионален технолошки парк во Вардарскиот и Источниот плански регион. На оваа фокус група, присутните учесници имаа можност да се запознаат со иницијалната идеја за изградба на меѓурегионален технолошки парк која што им беше презентирана од страна на чешкиот експерт, Г-дин Душан Кулка, како и јасно да ги дефинираат целите за создавање на услови за одржлив развој во двата региони. Оваа фокус група беше организирана од страна на Центарот за развој на Вардарски плански регион и Центарот за развој на Источен плански регион, со поддршка од Програмата за развој на Обединетите Нации - УНДП.

 

 
Инфраструктурно уредување на индустриска зона УЗ 8 Општина Неготино PDF Печати Е-пошта

Во Општина Неготино се завршени градежните активности во рамки на проектот ,,Инфраструктурно уредување на индустриска зона УЗ 8 Општина Неготино”, финансирани од Министерство за локална самоуправа, а имплементирани од страна на Центарот за развој на Вардарски плански регион.


 
Регионалната комора со седиште во Велес потпиша меморандуми за соработка со Општина Велес и со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион PDF Печати Е-пошта

Со цел на унапредување на развојот на бизнисот и меѓусебната соработка, на 18.11.2016 година, во Општина Велес, односно во кабинетот на градоначалникот Славчо Чадиев, беа потпишани меморандуми за соработка помеѓу Регионалната комора со седиште во Велес, Општина Велес и Центарот за развој на Вардарски плански регион.

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес, Георги Чадиев, истакна дека ваквите меморандуми за соработка не се само почеток на една соработка, туку продолжување на добрата досегашна соработка и нејзино унапредување, со цел  постигнување подобра меѓусебна комуникација и подобрување на бизнис климата.

Меморандумот за соработка помеѓу Општина Велес и Регионалната комора со седиште во Велес беше потпишан од страна на градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев и претседателот на Регионалната комроа со седиште во Велес, Георги Чадиев.

-Потпишувањето на овие меморандуми значи полесен пристап на компаниите од Велес до европските пари наменети за регионите и подготовка за искористување на кохензионите фондови, истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија.

Меморандумот за соработка помеѓу Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и Регионалната комора со седиште во Велес го потопишаа раководителот на Центарот, Марко Колев и претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес, Георги Чадиев.

Потпишувањето на овие меморандуми го отвора патот на бизнис секторот од  Велес за заедничко искористување и на Европските фондови, со што ќе се подигне конкурентноста и иновативноста на самите компании од овој регион.



 
Обука за органско земјоделско производство во Општина Кавадарци PDF Печати Е-пошта

Центарот за развој на Вардарски плански регион на 10.11.2016 година, во конференциската сала на Општина Кавадарци, со почеток од 11:00 часот организираше „Обука за органско земјоделско производство”.
Оваа обука беше спроведена во рамки на активноста: „Организирање на 2 настани на Мрежата за инклузивен развој на Вардарски плански регион со релевантни чинители на тема развој на руралниот туризам”, која е дел од проектот: „Поддршка и промоција на препознатливи стопанско туристички настани во ВПР и мапирање на потенцијали за развој на форми на рурален туризам и подготовка на Регистер на потенцијали за рурален туризам на ниво на плански регион”, кој е финансиски поддржан од Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.
Обуката ја спроведе Г-дин Иван Стојанов, дипломиран инжинер-агроном и на истата присуствуваа индивидуални земјоделци, кои се занимаваат со производство на органски земјоделски култури. Сите присутни на обуката ќе се стекнат со Потврда за учество на оваа обука.

 


 
Обука за органско земјоделско производство во Општина Свети Николе PDF Печати Е-пошта

Центарот за развој на Вардарски плански регион на 8.11.2016 година, во конференциската сала на Општина Свети Николе, со почеток од 11:00 часот организираше „Обука за органско земјоделско производство”.

Оваа обука беше спроведена во рамки на активноста: „Организирање на 2 настани на Мрежата за инклузивен развој на Вардарски плански регион со релевантни чинители на тема развој на руралниот туризам”, која е дел од проектот: „Поддршка и промоција на препознатливи стопанско туристички настани во ВПР и мапирање на потенцијали за развој на форми на рурален туризам и подготовка на Регистер на потенцијали за рурален туризам на ниво на плански регион, кој е финансиски поддржан од Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.

 

Обуката ја спроведе Г-дин Иван Стојанов, дипломиран инжинер-агроном и на истата присуствуваа индивидуални земјоделци, кои се занимаваат со производство на органски земјоделски култури. Сите присутни на обуката ќе се стекнат со Потврда за учество на оваа обука.

 

 

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Page 7 of 19
Copyright © 2018. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance