Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Вести
Промоција на проектот за изработка на урбанистички планови за 8 села PDF Печати Е-пошта

Центарот за развој на Вардарски плански регион најави уште еден проект кој што е започнат со реализација, проект за “Изработка на урбанистички планови за 8(осум) села: с. Горобинци, с. Ерџелија, с. Мустафино, с. Трстеник, с. Преот, с. Амзибегово, с. Кадрифаково и за с. Црнилиште, Општина Свети Николе”. Финансиски поддржан од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во висина од 6.372.000,00 денари. Временската рамка за реализација на проектните активности, изнесува 8(осум) месеци.

 

 

 

 
Промоција на проектот за Реконструкција на фасадата на ССОУ "Коле Неделковски" во Велес PDF Печати Е-пошта
Проектот “Реконструкција на фасадa во ССОУ “Коле Неделковски” - Велес” кој е финансиски поддржан од Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој се промовира на денешен ден, 08.02.2016 година.
Градоначалникот на Општина Велес, а воедно и Претседател на Советот за развој на Вардарски плански регион М-р Славчо Чадиев, Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион г. Марко Колев и директорот на ССОУ “Коле Неделковски” г.Боро Ристовски имаа свое излагање кои ја истакнаа важноста и придобивките од реализирањето на овој проект во областа на енергетската ефикасност.
Преку имплементацијата на овој проект, односно рекунструкцијата на фасадата на објектот на ова средно училиште ќе се добие енергетски ефикасен објект, каде со користење на природните ресурси се заштитува и животната средини, но и бенифит ќе имаат и сите ученици кои ќе имаат дирекна корист од спроведувањето на оваа топлотна изолација.
 
Промоција за набавени Тенди (куполи) PDF Печати Е-пошта

На ден 04.02.2016 година се изврши промоција на тенди (куполи) во рамките на проектот: Поддршка и промоција на препознатливи стопанско туристички настани во Вардарски плански регион и мапирање на потенцијалите за развој на рурален туризам и подготовка на Регистар на потенцијали за рурален туризам на ниво на Вардарски плански регион, кој што е финансиски поддржан од Програмата за развој на ОН – УНДП. Претседателот на Советот за развој на ВПР и градоначалник на Општина Велес м-р Славчо Чадиев заедно со Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион г-дин Марко Колев официјално ги промовираа. Во рамките на овој проект се набавени: 4(четири) тенди со димензии 7x7 метри, изработени од метална конструкција, кои ќе бидат на располагање на општините во Вардарскиот плански регион.

 

 

 

 

 

 

 



 
Отворање на Бизнис центар за поддршка и советодавни услуги за мали и средни претпријатија во Вардарскиот плански регион PDF Печати Е-пошта

Отворен Бизнис центар за поддршка и советодавни услуги за мали и средни претпријатија во Вардарскиот плански регион на ден 20.10.2015, Велес. Проектна активност финансирана од Министерството за локална самоуправа со техничка помош од Програмата за развој на Обeдинетите нации – УНДП. Промоција на: Водич за инвеститори на Вардарски плански регион, Збирка на индустриски зони во Вардарски плански регион и Веб портал за мали и средни претпријатија во Вардарски плански регион на ден 20.10.2015, Велес. Овие практични помагала, односно алатки се изработени во рамки на проектот “Креирање на база на податоци на ниво на плански регион со информации за локалните трговски друштва и достапни “Greenfield” и “Brownfield” локации, преку Веб страницата на Центарот за развој на ВПР и публикување на Водич за инвеститори”, финансиски и технички поддржан од Министерство за локална самоуправа и Програмата за развој на ОН - УНДП.


Повеќе...
 
50 земјоделци од Вардарскиот регион потпишаа меморандуми за соработка со Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси PDF Печати Е-пошта

Денес, вo просториите на Општина Велес,  50 земјоделци од Вардарскиот регион потпишаа меморандуми за соработка со Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, благодарејки на финансирањето на УСАИД.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Page 9 of 18
Copyright © 2018. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance