Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Вести
Одржана финална конференција за изработка на Програмата за развој на Вардарски плански регион 2015-2019 PDF Печати Е-пошта

На ден 27.11.2014 година во Општина Свети Николе се одржа финална конференција за изработка на Програмата за развој на Вардарски плански регион 2015-2019 координирана од страна на Министерството за локална самоуправа и поддржана од страна на ГИЗ РЕД и Швајцарската агенција за развој и соработка - SDC.

Основната рамка за водење на политиката на рамномерниот регионален развој во земјата е дефинарана со Законот за рамномерен регионален развој кој ги пропишува планските документи за нејзина реализација. Програмата за развој на Вардарскиот регион е еден од тие документи и се базира на основниот концепт на политиката на регионален развој: развивање и имплементација на полицентричен модел на развој.

За изработка на Програма за развој на Вардарски плански регион одржавме шест работилници во кои беа опфатени следниве стратешки области: Животна средина и Транспорт, Образование и Социјална поилитика, Туризам и Култура, Земјоделство и Рурален развој, Економија и Инвестиции. По продуктивните работилници, добивме еден резултат, односно Нацрт верзија на Програмата, која што на финалната конференција ја разгледаме и дадовме свои финални коментари и забелешки.

При изработката на Програмата за развој на Вардарскиот регион користевме и национални документи од областа на регионалниот развој, односно работната верзија на Стратегијата за регионален равој на Р.Македонија и Законот за рамномерен регионален развој, односно Стратегиите за локален економски развој на општините во состав на Вардарскиот регион. 

 
Работилница за кодизајнирање на социјална маркетинг кампањата за вработување PDF Печати Е-пошта

На ден 03.11.2014 (Понеделник) во Општина Неготино, Центарот за развој на Вардарски плански регион организираше Работилница за кодизајнирање на кампањата за вработување на 5 најдобри студенти од регионот во компании од регионот, како втора активност во рамки на проектот Дизајн и имплементација на социјална маркетинг кампања за вработување на 5 најдобри студенти од регионот во компании од регионот”, финансирана од Програмата за Развој на ОН – УНДП.

Повеќе...
 
Жнеење на пченка во Вардарскиот регион PDF Печати Е-пошта

На ден 04.11.2014 година во село Камен Дол, во Општина Росоман, Центарот за развој на Вардарски плански регион и КАРАНА организира настан  Жнеење на Пченка во Вардарскиот Регион” кој произлезе како резултат на иницијативата “Да одгледуваме повеќе пченка” во рамки на проектот “Експанзија на Мали Бизниси” финансиски поддржан од УСАИД.

Повеќе...
 
Трета работилница за изработка на Програмата за развој на Вардарски плански регион 2015-2019 PDF Печати Е-пошта

Центарот за развој на Вардарски плански регион на ден 21 и 22 Октомври ја организираше третата работилница за изработка на Програмата за развој на Вардарски плански регион 2015-2019 на тема мерки, индикатори и проекти.

Повеќе...
 
Втора работилница за изработка на Програмата за развој на Вардарски плански регион 2015- 2019 PDF Печати Е-пошта

Во тек е процесот на изработка на новата Програма за развој на ВПР 2015-2019, која се користи од страна на Центарот, а е наменета за институции, здрженија и поедници во чија надлежност е планирањето и спроведувањето на политиката за развој на регионот.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Page 10 of 17
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance