Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Вести
Потпишан договор во рамки на Проектот „Заштита на водите на Езеро Младост преку регулирање на отпадните води во населба Отовица“ PDF Печати Е-пошта

Денес 29.06.2017 година е склучен договор помеѓу Центарот за развој на Вардарски плански регион кој се јавува како инвеститор и Делта Пром ИНГ од Велес кој се јавува како изведувач во рамки на Проектот „Заштита на водите на Езеро Младост преку регулирање на отпадните води во населба Отовица“. Со овој проект се опфаќа изградба на фекална канализација во населба Отовица со вкупна должина од 2.514м која ќе се поврзува со колекторскиот систем и истиот се планира да биде завршен во рок од 3 месеци. Проектот е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Биро за регионален развој преку програмата за рамномерен регионален развој.


 
Одржана 23-тата Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион PDF Печати Е-пошта

Советот за развој на Вардарски плански регион на ден 27.06.2017 година ја одржа 23-тата седница во просториите на Општина Велес. Дневениот ред го сочинуваа вкупно 4 точки и истите беа едногласно усвоени. Раководителот на Центарот г-дин Марко Колев ги информираше Градоначалниците кои се и воедно членови на Советот за развој на Вардарски плански регион за аплицираните проекти, проекти кои се во фаза на реализација и за тековните активности на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

 
Одржана работилница на тема: „Подобрување на услугите за лицата со попреченост“ PDF Печати Е-пошта

На ден 13.06.2017 година (вторник), Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион Г-н Марко Колев присуствуваше на работилницата: „Подобрување на услугите за лицата со попреченост“ која се одржа во Охрид. Оваа работилница беше организирана од Програмата за развој на Обединетите нации, во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и Делегацијата на Европската Унија.

Целта на работилницата е размена на искуства и практики помеѓу меѓународните и националните експерти, како и детектирање на нови можности и начини за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост.

Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион имаше свое излагање на оваа работилница со цел да ги сподели успешните примери за социјална инклузија на локално и регионално ниво преку реализираните проекти за намалување на бариерите за пристап на лицата со попречености во Вардарскиот плански регион.

 

 
Потпишан договор во рамки на проект „Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор“ PDF Печати Е-пошта

Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Г. Марко Колев и Министерот за локална самоуправа Д-р Ширет Елези на ден 25.05.2017 година го потпишаа Договорот за финансиска подршка на БИЗНИС ЦЕНТРИТЕ во рамки на проектот  „Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор“ со што ја продолжија имплементацијата на активностите во поглед на зајкнување на поддршката на бизнис заедницата.

Центарот за развој на Вардарски плански регион со договорот склучен со Министерство за локална самоуправа обезбеди 400.000,00  денари за реализација на проектните активности кои имаа за цел потикнување на развојот на малите и средни бизниси.

Исто така дел од проектните активности ќе бидат финансирани од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) наменети за имплементација на една мерка од Регионалната стратегија за иновации во Вардарски плански регион и дополнително 1500 евра за настани и обуки.


 
Промоција на Проект „Подобрување на животната средина преку уредување на речните корита во вардарскиот регион , уредување на речното корито на реката Луда Мара – Општина Кавадарци“ PDF Печати Е-пошта

Во просториите на Општина Кавадарци градоначалникот на Општина Кавадарци г.дин Александар Панов заедно со раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион г-дин Марко Колев го промовираа Проектот „Подобрување на животната средина преку уредување на речните корита во вардарскиот регион , уредување на речното корито на реката Луда Мара – Општина Кавадарци“. Со овој проект се опфаќа реализација на третата и последна градежна фаза за уредување на речното корито со вкупна должина од 355 метри од кои покрај уредувањето и изградба на пешачки дел на кејот, предвидено е да се постави и урбана опрема, осветлување и два пешачки моста. Проектот е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Биро за регионален развој преку програмата за рамномерен регионален развој со вкупна вредност од 15.050.526 денари, од кои 9.629.433 денари се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа - Биро за регионален развој и 5.421.093 денари со кофинансирање од Општина Кавадарци.


 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Page 2 of 17
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance