Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Мрежата за инклузивен развој
Инвестирајте во вардарскиот плански регион PDF Печати Е-пошта

 
Профил на Мрежата за инклузивен развој на Вардарскиот плански регион PDF Печати Е-пошта

 

 Формирањето на Мрежата е заедничка иницијатива на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, 8 општини, ограноците на стопанските и занаетчиските комори и здруженијата на граѓани  од планскиот регион. Формалното воспоставување и почетно функционирање на Мрежата беше технички и финансиски потпомогнато од страна на Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во Скопје, Центарот за развој на ВПР и 8 општини од регионот.

 

Мрежата е заедничко работно тело формирано врз основа на одредбите од Законот за меѓуопштинска соработка со одлуки донесени од страна на советите на 8 општини во регионот.  Нејзиното формирање е во согласност со донесените мерки на тригодишниот Акциски план за имплементација на Националната стратегија за рамномерен регионален развој и на петгодишната Програма за развој на планскиот регион.

 

Мисијата на Мрежата е да се засили координацијата на програмирањето и спроведувањето на мерките и активностите  за подршка на јавниот, приватниот и невладиниот сектор во создавањето на услови за развој на силна и конкурентна економија на ВПР, економија која ќе понуди поголеми можности за вработување и истовремено ќе ги постигне социјалните и еколошките стандарди. Преку активностите на мрежата се очекува дека ќе се намали интензитетот и последиците од нагласената невработеност и миграциите како клучен социо-економски предизвик на регионот.

 

Мрежата за инклузивен развоја на ВПР треба да одигра клучна улога за јакнење на капацитетите на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор за соработка и координација во спроведувањето на приоритетните активности и  поттикнување на сите чинители во локалните заедници активно да учествуваат во работата на локалните институции околу приоритетните прашања поврзани со регионалниот развој. Мрежата, исто така, ќе работи на проблеми и „тесни грла“ како што е нискиот капацитет за апсорпција на средства од извори коишто се условени со порепрезентативна институционална форма на соработка подржувајќи го на тој начин Центарот за развој на ВПР при координирање и канализирање на инвестициите на ниво на планскиот регион.

 

 

Табелa: Постојани 17 членови на Мрежата

 

 

По еден претставник од организациските единици за  локален економски развој од општините и Центарот за развој на ВПР:

 

По еден претставник на засегнатите страни:

§ Центар за развој на Вардарски Плански Регион

§ Општина Велес

§ Општина Кавадарци

§ Општина Неготино

§ Општина Свети Николе

§ Општина Демир Капија

§ Општина Чашка

§ Општина Лозово

§ Општина Градско

§ Општина Росоман

 

 

 

§ Стопанска Комора на Македонија - Регионална  Комора Велес

§ Сојуз на Стопански Комори на Македонија Регионална Занаетчиска Комора

§ Бизнис заедницата надвор од стопанските комори

§ Туристичко Биро – Неготино

§ Центар за едукација и вмрежување во туризмот– Демир Капија

§ Претставник од НВО секторот

 

Членовите на Мрежата ги именуваат градоначалниците на општините од ВПР а останатите членови ги именуваат највисоките органи на управување на институциите/организациите. Претставникот на невладиниот сектор од ВПР се избира од страна на невладините организации на средба организирана за оваа цел.  Работното тело може да работи доколку на седницата присуствуваат мнозинството од членовите на Работното тело (најмалку 9 членови) и одлучува со мнозинство гласови од присутните членови. За својата работа, Работно тело одговара пред градоначалниците на вклучените општини и ги информира преку редовни Извештаи за својата работа.  Полугодишните извештаи за работа на Работното тело се доставуваат и до Советот за Развој на Вардарски плански регион.

 

Седиштето на МИР на ВПР е лоцирано во поранешен објект на Радио Велес и ќе биде истовремено користено како седиште на ограноците на стопанските комори и здруженијата на граѓани кои имаат свој заеднички претставник во мрежата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Односи со јавноста
Мултимедиа
Документи
Контакт
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance