Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

                                       

 

FacebookTwitter
Енергетска ефикасност
Ванчо Апостолов - Градоначалник на Општина Неготино PDF Печати Е-пошта
 
Мегуопштинска соработка за енергетска ефикасност PDF Печати Е-пошта
 
Профил на Заедничко административно тело (заедничко одделение за енергетска ефикасност) PDF Печати Е-пошта

 

 Заедничкото одделение за енергетска ефикасност и Инфо Центарот за енергетска ефикасност  се формирани врз основа на одредбите од Законот за меѓуопштинска соработка со одлуки донесени од страна на советите и Договор потпишан од страна на градоначалниците на 8 општини во регионот Неготино, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Росоман, Чашка, Градско и Лозово.   

 

Формалното воспоставување и почетно функционирање на заедничкото одделение беше технички и финансиски потпомогнато од страна на Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во Скопје, Центарот за развој на ВПР и 8 општини од регионот.

 

Основните функции на ова одделение се поврзани со  подобрување на локалното управувањето со енергијата, вклучувајќи ја енергетската ефикасност на јавните објекти во општините од Вардарски плански регион.

 

 Целна група (директни корисници):

  •  Избраните претставници - градоначалниците и општинските членови на советот
  •  Државни и јавни службеници од општините партнери
  •  Раководители на општинските јавни служби
  •  Корисниците на јавни објекти, како што се државна и јавна администрација, деца и ученици
  •  Пошироката заедница (поради подобреното јавно осветлување)
  •  Центарот за развој на Вардарски плански регион

  

Преку реализација на овие функции се очекува дека:

  • Заедничкото одделение за Енергетска ефикасност ќе биде способно за самостојна идентификација на потрошувачката на енергија во јавните згради и установи на територијата на 8-те општини преку употреба на соодветната опрема за Енергетска ефикасност која е на располагање на вработените во одделението;
  •  Ќе се спроведе со закон утврдената обврска за подготовка и спроведување на Програмите за енергетска ефикасност и Годишните планови за имплементација на Програмата од страна на вклучените општини партнери;
  •  Ќе се подигне степенот на запознаеност на локалните заедници и клучните чинители со користа од примена на мерки за енергетска ефикасност.
  •  Ќе се создаде база на податоци за кредитни линии, повици од донатори од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија и ќе се испорача помош при подготовка на проектни апликации, јавни повици и сл. 

Инфо Центарот за енергетска ефикасност и Канцеларијата на заедничкото одделение се лоцирани во просторот на т.н Желкова Куќа во Општина Неготино, a опремувањето на просторот беше направено со финансиски средства на Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите Нации - УНДП во Скопје. 

 


Односи со јавноста
Мултимедиа
Документи
Контакт
Copyright © 2017. Центар за развој на Вардарски плански регион. Designed by Pance