Започнување на градежни активности во рамки на Проектот ,,Заштита на водите на Езеро Младост преку регулирање на отпадните води во населба Отовица” Print

Во населба Отовица започнаа градежните активности во рамки на Проектот ,,Заштита на водите на Езеро Младост преку регулирање на отпадните води во населба Отовица. Со овој проект се опфаќа изградба на фекална канализација во населба Отовица со вкупна должина од 2.514м која ќе се поврзува со колекторскиот систем. Проектот е финансиран од страна на Министерство за локална самоуправа и Биро за регионален развој.