Известување за промена на локација на одржување на Јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оценка на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Вардарскиот плански регион Print

Почитувани,

Би сакале да Ве известиме дека Јавната расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оценка на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Вардарскиот плански регион во рамките на проектот "Подготовка на потребните документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со одпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски плански регион" е променета локацијата. Поради работа на напонската мрежа во зградата на Општина Градско, истиот ќе се одржи во просториите на Општина Росоман на ден 03.11.2016 год со почеток во 12:00 часот.