Отворање на Бизнис центар за поддршка и советодавни услуги за мали и средни претпријатија во Вардарскиот плански регион Print

Отворен Бизнис центар за поддршка и советодавни услуги за мали и средни претпријатија во Вардарскиот плански регион на ден 20.10.2015, Велес. Проектна активност финансирана од Министерството за локална самоуправа со техничка помош од Програмата за развој на Обeдинетите нации – УНДП. Промоција на: Водич за инвеститори на Вардарски плански регион, Збирка на индустриски зони во Вардарски плански регион и Веб портал за мали и средни претпријатија во Вардарски плански регион на ден 20.10.2015, Велес. Овие практични помагала, односно алатки се изработени во рамки на проектот “Креирање на база на податоци на ниво на плански регион со информации за локалните трговски друштва и достапни “Greenfield” и “Brownfield” локации, преку Веб страницата на Центарот за развој на ВПР и публикување на Водич за инвеститори”, финансиски и технички поддржан од Министерство за локална самоуправа и Програмата за развој на ОН - УНДП.