Промоција на проектот за изработка на урбанистички планови за 8 села Print

Центарот за развој на Вардарски плански регион најави уште еден проект кој што е започнат со реализација, проект за “Изработка на урбанистички планови за 8(осум) села: с. Горобинци, с. Ерџелија, с. Мустафино, с. Трстеник, с. Преот, с. Амзибегово, с. Кадрифаково и за с. Црнилиште, Општина Свети Николе”. Финансиски поддржан од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во висина од 6.372.000,00 денари. Временската рамка за реализација на проектните активности, изнесува 8(осум) месеци.