Промоција на проектот за Реконструкција на фасадата на ССОУ "Коле Неделковски" во Велес Print
Проектот “Реконструкција на фасадa во ССОУ “Коле Неделковски” - Велес” кој е финансиски поддржан од Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој се промовира на денешен ден, 08.02.2016 година.
Градоначалникот на Општина Велес, а воедно и Претседател на Советот за развој на Вардарски плански регион М-р Славчо Чадиев, Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион г. Марко Колев и директорот на ССОУ “Коле Неделковски” г.Боро Ристовски имаа свое излагање кои ја истакнаа важноста и придобивките од реализирањето на овој проект во областа на енергетската ефикасност.
Преку имплементацијата на овој проект, односно рекунструкцијата на фасадата на објектот на ова средно училиште ќе се добие енергетски ефикасен објект, каде со користење на природните ресурси се заштитува и животната средини, но и бенифит ќе имаат и сите ученици кои ќе имаат дирекна корист од спроведувањето на оваа топлотна изолација.