Промоција за набавени Тенди (куполи) Print

На ден 04.02.2016 година се изврши промоција на тенди (куполи) во рамките на проектот: Поддршка и промоција на препознатливи стопанско туристички настани во Вардарски плански регион и мапирање на потенцијалите за развој на рурален туризам и подготовка на Регистар на потенцијали за рурален туризам на ниво на Вардарски плански регион, кој што е финансиски поддржан од Програмата за развој на ОН – УНДП. Претседателот на Советот за развој на ВПР и градоначалник на Општина Велес м-р Славчо Чадиев заедно со Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион г-дин Марко Колев официјално ги промовираа. Во рамките на овој проект се набавени: 4(четири) тенди со димензии 7x7 метри, изработени од метална конструкција, кои ќе бидат на располагање на општините во Вардарскиот плански регион.