Оддржан настан на тема : Заштита на животната средина преку енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија Печати

На ден 18 Октомври 2016 година во просториите на Општина Неготино, Центарот за развој на Вардарски плански регион организираше информативен настан на тема: Заштита на животната средина преку енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија, предвидена активност во рамките на Договорот за соработка во 2016 година помеѓу Министерство за локална самоуправа и единиците на локалната самоуправа од Вардарскиот плански регион, основачи на Центарот за развој на Вардарски плански регион.
Информативниот настан произлезе од Програмата за развој на Вардарски плански регион 2015-2019, во делот на подобрување на енергетската ефикасност преку подигнување на јавната свест за значењето на енергијата како релевантен ресурс, нејзино рационално искористување и промовирање на нови обновливи извори на енергија кои ќе бидат ефикасни во јавниот и приватниот сектор. Имплементацијата на овие активности, директно ќе придонесе за намалување на потрошувачката на енергијата, ќе се намали загадувањето на животната средина и ќе придонесе кон заштеда на буџетите во јавниот и приватен сектор.
На денешниот информативен настанот земаа учество претставници со свои презентации од Заедничкото тело за енергетска ефикасност во Вардарски плански регион, Г. Ванчо Петров, претставник од Агенција за енергетика на РМ, Г. Панче Атанасовски дипл. ел. инж.- советник, претставник од Министерство за економија, Сектор за енергетика, Г-ѓа Жанета Петрова и претставник од технички институт Македонија, Г. Павле Миладинов.