Обука за основни принципи за собирање на лековити ароматични растенија, шумски плодови, лишаи и печурки – зачувување на биодиверзитетот во Вардарски плански регион Печати

Центарот за развој на Вардарски плански регион на 03.11.2016 година, во Општина Кавадарци, со почеток од 11:00 часот организираше „Обука за основни принципи за собирање на лековити ароматични растенија, шумски плодови, лишаи и печурки – зачувување на биодиверзитетот во Вардарски плански регион”.

Оваа обука беше спроведена во рамки на активноста: „Организирање на 2 настани на Мрежата за инклузивен развој на Вардарски плански регион со релевантни чинители на тема развој на руралниот туризам”, која е дел од проектот: „Поддршка и промоција на препознатливи стопанско туристички настани во ВПР и мапирање на потенцијали за развој на форми на рурален туризам и подготовка на Регистер на потенцијали за рурален туризам на ниво на плански регион”, кој е финансиски поддржан од Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.

Обуката ја спроведе Г-дин Иван Стојанов, дипломиран инжинер-агроном и на истата присуствуваа собирачи на печурки, лековити и ароматични растенија. Сите присутни на обуката ќе се стекнат со Сертификат за учество на оваа обука.