Реконструкција на кров на поранешното основно училиште Јордан Х.К. Џинот Печати

На 21.12.2016 година, се отпочна со реализација на градежните активности за реконструкција на кров на поранешното основно училиште Јордан Х.К. Џинот кој како јавен објект е во сопственост на општина Велес.  Поранешното основно училиште Јордан Х.К. Џинот во приземјето се планира да прерасне во детска градинка, а на горниот кат ќе прерасне во Центар за граѓански организации кои работат со лица со попреченост.

Овие градежни активности се имплементираат во рамки на проектот: “Грижа за лицата со попреченост преку обезбедување на поадекватни просторни услови за граѓанските организации за подготовка и испорака на поквалитетни услуги кои ќе ја помогнат интеграцијата на овие лица во општеството - Реконструкција на јавен објект на Општина Велес – Центар за граѓански организации кои работат со лица со попреченост”, кој е финансиски поддржан од Програмата за локален развој на Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП, Општина Велес и Центарот за развој на Вардарски плански регион. Како дел од овој проект, во изминатиот период беа изработени основен проект за реконструкција на кров, фасада, и промена на врати и прозорци, како и ревизија на основниот проект.