Одржана првата Седница на Советот за развој на Вардарски плански регион Print

Денес во организација на Центарот за развој на Вардарски плански регион се одржа првата седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.

Според Законот за рамномерен регионален развој и во согласност со Одлуката за класификација на планските региони според степенот на развиеност за Вардарскиот плански регион годинава ќе се издвојат 14,7% од вкупните средства за таа намена или приближно 29.532.300 денари.

Со цел ефикасно искористување на расположливите средства, Градоначалниците од Вардарски плански регион, ја исполнија својата законска обврска како членови на советот  и едногласно ја усвоија Годишна листа на предлог-проекти за развој на Вардарскиот плански регион за 2018 година финансирани од страна на Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој.

Советот за развој на Вардарскиот плански регион издвои осум регионални, претежно инфраструктурни проекти, кои беа рангирани и поставени на листа како приоритетни за наредната година.